Ахмед е еден од многуте професионалци од доменот на визуелни уметности и комуникациски дизајн во Босна и Херцеговина. Но, неговиот пат до сегашната професија е нималку обичен. Во средно училиште, Ахмед учел теологија. “ Искрено, во текот на моето средно образование, не сметав дека сум талентиран и тоа се одрази врз мојата целосна психолошка благосостојба. Бев депресивен зашто не можев да откријам која материја сакам да ја студирам на факултет“, вели тој.
Во текот на своето средно образование, Ахмед имал сомнежи за својата идна професија, но, пред матурирањето, неговиот најдобар другар му кажал дека планира да студира визуелни уметности и комуникациски дизајн на Меѓународниот универзитет во Сараево. Ахмед одлучил да му се придружи иако воопшто не бил сигурен дека го поседува неопходниот талент за овој нов подвиг. Како што вели Ахмед, некаков внатрешен инстинкт го натерал да ја донесе оваа одлука. На негово големо изненадување, бил примен. Очигледно, имал талент.
Напорната работа се исплати
Програмата се состоеше од различни материи како: графички дизајн, фотографија, уредување на видео и сликање. Сите овие материи биле потполно нови за Ахмед. “ Целосно се посветив на изучувањето на сите материи. Имав сосема малку претходно знаење, но сакав да научам и да истражувам. За да ги пополнам празнините, работев деноноќно“, вели тој.
Напорната работа се исплати. Ахмед од универзитетот добил стипендија која покривала 50% од школарината. Како што постепено се надградувал и стекнувал самодоверба, Ахмед почнал да прави планови за проширување на своите вештини преку меѓународно искуство. Но, немал финансиски средства за да го реализира планот, па знаел дека мора да најде поддршка.
Официјалниот јазик на Меѓународниот универзитет во Сараево е англиски, јазик којшто не бил најјаката страна на Ахмед. Па, затоа, Ахмед следел курс по англиски како странски јазик.Курсот придонел за проширување на неговите хоризонти и начин на размислување затоа што покрај изучувањето на јазикот, вклучени биле и теми како критичко размислување и кариерно планирање. Наставникот ги запознал, исто така, и со програмата ЕРАЗМУС+ која нуди стипендии за студенти кои сакаат да студираат во странство. Ахмед ја зграпчил можноста.
Турско воодушевување
Добил прилика да ги продолжи своите студии на Анатолискиот универзитет во Ескишехир, Турција. Ахмед вели дека во тој период бил среќен да оди каде било. Никогаш претходно не бил чул за универзитетот и дури не го ни пребарал на Гугл. “ Кога пристигнав таму, сфатив дека тоа е најдобрата одлука која некогаш сум ја донел затоа што се заљубив во градот, универзитетот и луѓето. Се чувствував како местото да не е овоземско. Петте месеци поминати таму беа најдобрите месеци во мојот живот“, раскажува Ахмед.
Ахмед, студент
Тоа што најмногу го цени од искуството на универзитет во Ескишехир е пристапот на професорите кои пружале поддршка и помош кога и да имал потреба. Ова било дотолку позабележливо за студентите на размена како него. Ахмед значително ги развил своите професионални способности за време на престојот на Анатолискиот универзитет, но, исто така, извлекол и други придобивки.
Растечка самодоверба
Ахмед вели дека пред заминувањето во Ескишехир бил многу поинтровертен. Тамошното искуство го променило. Кога се вратил во Сараево, сфатил колку е изменет. Започнал да аплицира на волонтерски програми и проекти и станал редовен член на универзитетската волонтерска служба. “ Затоа што сè беше одлично на програмата Еразмус, посакав да се поврзам и со останатите програми на ЕУ. Неодамна, станав член на студентската мрежа Еразмус. Звучи како клише, но станав послободумен. Се променив на подобро“, вели Ахмед.
Летово, Ахмед дипломира и моментално работи хонорарно, но, неговата цел е да најде постојана работа поврзана со неговите студии. Во даден момент од иднината, се надева да основа сопствен бизнис.
ЕРАЗМУС+ е програма на ЕУ која поддржува образование, тренинг, млади и спорт во Европа. Буџетот на оваа програма, во висина од 14,7 милијарди евра, обезбедува можности за студирање, обука, тренинг и добивање искуство во странство за преку 4 милиони Европејци.
Photo Credits: Ahmed Hodzic
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!