Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Новости / УНИЦЕФ и ЕУ го прославуваат месецот на родителството во Црна Гора
За да го одбележи месецот на родителството, УНИЦЕФ организираше презентација на програмите кои ги поддржуваат родителите во остварување на нивните важни улоги. Во соработка со Делегацијата на ЕУ во Црна Гора, во „ Europe House“ беа претставени две програми – „Грижливи семејства“ и апликацијата „Беббо“, наменети за родителите на најмладите деца.
Програмата „Грижливи семејства“ веќе четири години се спроведува во Црна Гора; со учество на повеќе од 700 родители. Евалуациските резултати на програмата покажуваат дека истата придонела за намалување од 70 % на строгото и насилно родителство, како и значајно намалување од 31 % на проблемите со однесување на децата, како и родителската депресија (45 %).
Апликацијата „Беббо“ беше презентирана од страна на одговорната за ран детски развој при УНИЦФ Црна Гора, Ида Фердинанди, која беше придружена од Маја Мирановиќ; мајка која ја користи апликацијата веќе подолго време. Апликацијата ги снабдува родителите на деца под шест години со веродостојни информации на најразлични теми; како, на пример: здравје, исхрана, доење, безбедност, рано учење и позитивно родителство.
Програмата „Грижливи семејства“ и апликацијата „Беббо“ беа имплементирани во Црна Гора, со поддршка на УНИЦЕФ и финансиска поткрепа на ЕУ.
Извор: Europe House Podgorica
Извор на фотографии: Europe House Podgorica
Дознај повеќе
Регистрирај се за нашиот месечен билтен за најновите вести, можности за финансирање приказни и настани!
Исто така можеш да избереш да добиваш кратки неделни вести или инстант нотификации. Билтенот и нотификации се на англиски јазик.
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!Thank you! Please check your e-mail
We have sent you an email with a confirmation link. Click on the link and complete your subscription.
If you don’t see the email in your inbox please check your spam folder.