Нови грантови за граѓанското општество за зајакнување на партиципативна демократија News | WeBalkans

Новости

Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан

25/04/2022

Нови грантови за граѓанското општество за зајакнување на партиципативна демократија

Европската унија лансираше Повик за предлози во склоп на новата програма вредна 18 милиони евра за зајакнување на партиципативните демократии и интеграцискиот процес на ЕУ во Западен Балкан и Турција. Повикот во склоп на Програмата на ЕУ за граѓанско општество и медиуми за Западен Балкан и Турција за 2021-2023 година (EU Civil Society Facility and Media Programme for the Western Balkans and Turkey for 2021-2023) има за цел да ја зајакне регионалната соработка, добрососедските односи и помирувањето.

 

Во рамките на овој повик за предлози ќе бидат доделени повеќе грантови за формирање и поддржување на регионалните тематски мрежи на граѓански организации (CSOs) кои имаат за цел да го подобрат коалицирањето и градењето на капацитети за зголемено влијание на овие организации врз релевантните секторски реформи. Повикот исто така поставува визија за под-грантови за неформални граѓански здруженија ширум регионот преку овие мрежи. Повикот ги опфаќа следниве области:

 

-Добро управување, владеење на право и антикорупција

-Човекови права, анти-дискриминација и интеркултурен дијалог

-Зелена и дигитална транзиција

-Медиумска слобода и слобода на изразување, вклучувајќи и спротивставување на дезинформациите и погрешните информации

-Мали проекти за поддршка на добрососедски односи помеѓу Србија и Косово

-Квалитетно новинарство

 

 

Приоритетите на повикот се во склад со Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан (Economic and Investment Plan for the Western Balkans) кој има за цел да  го поттикне закрепнувањето на регионот преку поддршка на општествено-економскиот развој и спроведувањето на реформите кои се потребни за да се придвижи напред на патот кон ЕУ, како и преку приближување на Западен Балкан до внатрешниот пазар на ЕУ. Му нуди помош на регионот преку инвестиции и иницијативи во областа на транспортот, енергетиката, дигиталната транзиција, зелената агенда, поддршката на приватниот сектор, економската интеграција, иновацијата и поддршката за развој на човечки капитал.

Прочитајте повеќе

Извор: Европска унија

Автор на фотографија: Европска унија

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.