EU, WBIF дава €2.5 милиони грант за проектот за отпадни води во Косово
EU, WBIF дава €2.5 милиони грант за проектот за отпадни води во Косово
Проектот за развој на отпадни води од Гњилане во Косово, кофинансиран од страна на Европската банка за обнова и развој (EBRD) и Европската инвестициска банка (EIB), доби дополнителна финансиска поддршка од билатералните донатори на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).
Договорот за грантот од 2,5 милиони евра денеска во Приштина го потпишаа Сергиј Масличенко, шеф на EBRD во Косово и Хекуран Мурати, косовскиот министер за финансии, труд и трансфери. На церемонијата за потпишување присуствуваа Јоханес Стенбаек Мадсен, Шеф за соработка во Канцеларијата на Европската унија во Косово и претставници на регионалното претпријатие за водостопанство, Хидроморава.
Средствата ќе бидат наменети за изградба на пречистителна станица за отпадни води и за рехабилитација и доградба на постојната отпадна и канализациона мрежа во општина Гњилане. EBRD даде заем од 10 милиони евра за проектот во 2019 година. Европската инвестициска банка (EIB) дава уште еден заем од 10 милиони евра.
Откако ќе биде изградена, новата пречистителна станица значително ќе го намали загадувањето што произлегува од отпадните води што се влеваат во блиските реки и ќе им обезбеди на жителите на Гњилане пристап до почиста вода. Исто така, ова ќе помогне да се подобрат еколошките услови средина и јавното здравје, а истовремено да се ублажат ефектите од климатските промени во секторот за вода и отпадни води во Косово.
Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) го поддржува социо-економскиот развој и пристапувањето во ЕУ ширум Западен Балкан преку обезбедување финанска и техничка помош за стратешки инвестиции. Станува збор за заедничка иницијатива на Европската Унија, финансиските институции, билатералните донатори и владите на Западен Балкан.
Source: WBIF
Photo credits: WBIF