ЕУ организира чистење на плажите на Преспанското Езеро News | WeBalkans

ЕУ организира чистење на плажите на Преспанското Езеро

18 Сеп 2023
18/09/2023

ЕУ организира чистење на плажите на Преспанското Езеро

Во неделата, 17. септември 2023 г., во 12.00 часот, на Преспанското Езеро, шефот на Делегацијата на ЕУ – Бен Нупнау и градоначалникот на Ресен – Јован Тозиевски, ја започнаа првата акција #ЕУЧистењеНаПлажи (#EUBeachCleanup) во Северна Македонија. Акцијата за чистење е глобална иницијатива која годинава ќе биде организирана на плажата Сливница преку мрежата Млади европски амбасадори „Западен Балкан“ („We Balkans”), финансирана од ЕУ.

 

Иницијативата за чистење плажи се случува на глобално ниво секоја трета недела од септември. #ЕУЧистењеНаПлажи (#EUBeachCleanup) е кампања организирана од Европската комисија во соработка со Европската служба за надворешно дејствување и ОН. Иницијативата се случува на секаков вид крајбрежја, со крајна цел покренување на свеста за предизвиците кои ги носи морското ѓубре и пластичниот отпад.

 

Се проценува дека годишно околу 37 милиони тони пластичен отпад ќе допрат до океанот до 2040 г. Денес, пластичното загадување е масивен проблем, но дури и најмалите акции можат да направат значителна разлика. Секое шише, сламка и отпадок кои ќе бидат исчистени ќе придонесат за почиста и поздрава планета.

 

Годинава, брегот на Преспанското Езеро беше исчистен од 20 млади европски амбасадори од Западен Балкан кои им се придружија на своите врсници од Северна Македонија за да ја исчистат плажата Сливница. Ова е третпат како Младите европски амбасадори од регионот учествуваат на настанот организиран преку проектот „Западен Балкан“, финансиран од ЕУ. Оваа активност на заедницата, поддржана од Делегацијата на ЕУ, „Europe House“, како и општината Ресен, ќе го охрабрат населението да ги исчистат плажите на Преспанското Езеро од отпадоците кои ги загадуваат езерото и неговата околина. 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.