Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Новости / ЕУ и Европската банка за реконструкција и развој ја поддржуваат транзицијата кон соларна енергија во Северна Македонија
Плановите за декарбонизација во Северна Македонија прават значаен исчекор напред. ЕУ ја поддржува Електрана на Северна Македонија (ЕСМ), електрична компанија во државна сопственост, во имплементацијата на 30 мегаватен фотоволтаичен проект кој се состои од 10 мегавати на дел од веќе исцрпен рудник за јаглен на термоелектраната Осломеј и дополнителни 20 мегавати од термоелектраната Битола. ЕУ ќе обезбеди грант, во вредност од 5 милиони евра, преку Инвестициската рамка Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework – WBIF). Европската банка за реконструкција и развој ќе позајми 25 милиони евра за надополнување на развојот на проектот.
Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија изјави: „Сведоци сме на конкретни акции за материјализирање на Зелената агенда за Западен Балкан и претворање на Економскиот и инвестициски план во реалност. Грантот на Инвестициската рамка Западен Балкан и заемот на Европската банка за реконструкција и развој, ја поддржуваат трансформацијата на електраните Осломеј и Битола од јаглен кон соларна енергија и претставуваат јасен показател дека државата ги презема соодветните чекори насочени кон зелена енергија; имплементирајќи, истовремено, општествено праведен транзициски процес. Оваа инвестиција беше одамна одложена и доаѓа во вистински момент за Северна Македонија; обезбедувајќи чисто и безбедно енергетско снабдување.“
Новите соларни централи се продолжение на првата фотоволтаична централа од 10 мегавати; изградена на исцрпениот рудник за јаглен Осломеј, и се доказ за патот кон декарбонизација на ЕСМ и државата. Откако ќе станат оперативни, новите објекти ќе произведуваат приближно 48 гигавати електрична енергија годишно – доволно за снабдување 10000 домови и замена на 44000 тона CO2 годишно. Проектот ќе го поддржи, исто така, и напорот на ЕСМ за регенерирање на рудниците кои ги снабдувале термоелектраните со јаглен.
Извор: WBIF
Извор на фотографии: WBIF
Дознај повеќе
Регистрирај се за нашиот месечен билтен за најновите вести, можности за финансирање приказни и настани!
Исто така можеш да избереш да добиваш кратки неделни вести или инстант нотификации. Билтенот и нотификации се на англиски јазик.
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!Thank you! Please check your e-mail
We have sent you an email with a confirmation link. Click on the link and complete your subscription.
If you don’t see the email in your inbox please check your spam folder.