263 милиони евра во грантови од ЕУ за седум проекти во Србија
263 милиони евра во грантови од ЕУ за седум проекти во Србија
Неодамна, ЕУ додели нов пакет за енергетска поддршка на Западен Балкан од кој Србија ќе има особена придобивка. Плановите, кои треба наскоро да се реализираат во Србија и регионот, се далекосежни и опфаќаат поддршка за ранливи домаќинства и бизниси со цел ублажување на растот на цените на енергијата, план за нова електрана и ветерен парк, и многу други.
Србија и ЕУ одредија седум нови проекти за енергија, животна средина и транспортна инфраструктура. Овие проекти се најголемата инвестиција на ЕУ во Србија посветена на зелена економија. Управниот одбор на ЕУ и Инвестициската рамка за Западен Балкан, ко-финансирани од земјите-членки, го одобрија фондот од 263 милиони евра, во форма на грантови, за седум проекти во Србија. Одобрените грантови од ЕУ доаѓаат како надополнување на заем финансиран од Европската инвестициска банка, Европската банка за реконструкција и развој, „German Kreditanstalt für Wiederaufbau (KfW)“, како и државни придонеси од Србија. Средствата се продолжение на донации од ЕУ за поддршка на Зелената агенда за Западен Балкан и се дел од Економскиот и инвестициски план на ЕУ.
Новите проекти ќе имаат директно и позитивно влијание врз квалитетот на живот ширум Србија преку подобрување на поврзаноста и намалување на непотребните штетни емисии и еколошката деградација. Со оваа инвестиција на ЕУ, вредна 263 милиони евра, ќе биде овозможен значителен економски раст преку создавање нови деловни можности и работни места во локалните заедници.
На 6. декември, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го претстави Пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана. Како што беше најавено на самитот во Тирана, донацијата за енергетскиот сектор во Србија е дел од фонд, вреден 500 милиони евра, наменет за проекти во енергетскиот сектор во Западен Балкан.