БиХ потпишува спогодба за финансирање, вредна 70 милиони евра, во рамки на Пакетот за енергетска поддршка на ЕУ News | WeBalkans

БиХ потпишува спогодба за финансирање, вредна 70 милиони евра, во рамки на Пакетот за енергетска поддршка на ЕУ

07 Апр 2023
7/04/2023

БиХ потпишува спогодба за финансирање, вредна 70 милиони евра, во рамки на Пакетот за енергетска поддршка на ЕУ

На церемонија во Сараево, која се одржа на 4. април, претседателката на Советот министри на БиХ, Борјана Кришто, му ја предаде потпишаната финансиска спогодба, во рамки на Пакетот за енергетска поддршка, на претседателот на Делегацијата на ЕУ и посебен претставник на ЕУ во БиХ, амбасадорот Јохан Сатлер. Европската комисија наскоро ќе ја додели првата рата (90 %), од пакетот вреден 70 милиони евра, која ќе обезбеди помош за најранливите домаќинства во БиХ за справување со растечките цени, како и поддршка за енергетска транзиција.

 

Спогодбата за финансирање ќе биде испратена до Европската комисија со извештај кој ќе образложи како ќе биде имплементиран Акцискиот план за Пакетот за енергетска поддршка; одобрен од Советот министри на БиХ на 22. декември 2022 година. Извештајот ги опишува методологиите и критериумите врз чија основа ќе бидат поделени средствата од страна на релевантните авторитети во БиХ; како и очекуваниот број корисници и временската рамка за имплементација. Од доделените 70 милиони евра непосредна помош за БиХ, 50 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на ранливи семејства, а 20 милиони евра за поддршка на напорите за енергетска ефикасност.

 

Авторитетите во Федерацијата на БиХ; Република Српска и Областа Брчко, ќе работат на наменување на средствата преку релевантните министерства, субјектите за животна заштита и административните единици во Областа Брчко.

 

Пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан беше објавен на крајот од октомври, минатата година, од страна на претседателката на Европската комисија; Урсула фон дер Лајен, на почетокот од нејзината посета на регионот. Целосниот пакет е во вредност од една милијарда евра, во форма на грантови; со 500 милиони евра доделени како итна непосредна помош за регионот. Дополнителни 500 милиони евра се доделени, во форма на грантови, како поддршка на среден и долг рок за инвестиции кои ќе ја поддржат енергетската ефикасност и енергетската независност; и тоа преку подобрување на гасоводната и електричната инфраструктура, вклучително и интерконектори со природен течен гас.

Read more

Извор на фотографии: EU Delegation to Bosnia and Herzegovina

Извор: EU Delegation to Bosnia and Herzegovina

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.