Пакет енергетска поддршка, вреден 1 милијарда евра, за Западен Балкан News | WeBalkans

Новости

Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан

20/12/2022

Пакет енергетска поддршка, вреден 1 милијарда евра, за Западен Балкан

На 6. декември 2022 година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го презентираше Пакетот енергетска поддршка за Западен Балкан, на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана. Пакетот изнесува 1 милијарда евра помош за Западен Балкан, во форма на грантови, со цел справување со директните последици од енергетската криза и градење отпорност на краток и среден рок.

 

Првата половина од пакетот изнесува 500 милиони евра буџетска поддршка за ублажување на економското и општествено влијание врз ранливите домаќинства и мали и средни претпријатија, како и поддршка за енергетска транзиција и безбедност на регионот. 90 % од фондовите ќе бидат исплатени во јануари 2023 година, додека, пак, остатокот ќе биде исплатен подоцна или при крајот на 2024 година; по успешната имплементација на национални акциски планови, за справување со енергетската криза, од шесте партнери во Западен Балкан.

 

Втората половина од пакетот изнесува 500 милиони евра наменети за унапредување на енергетската диверзификација, генерирање обновлива енергија, како и електрично и гасоводно поврзување преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Пакетот опфаќа доделување 100 милиони евра за надополнување на Регионалната програма за енергетска ефикасност, дополнителни 170 милиони евра грантови на ЕУ за мешање на јавниот и приватниот сектор, и до 230 милиони евра финансии на ЕУ за шесте гарантни шеми за поддршка на енергетскиот сектор. Поголемиот дел од овој пакет за финансирање веќе беше одобрен од Оперативниот одбор на Инвестициската рамка за Западен Балкан на 5. декември 2022 година во Брисел.

Read more

Извор: WBIF

Извор на фотографии: WBIF

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.