Претприемач инспириран од бебиња од Босна и Херцеговина | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Претприемач инспириран од бебиња од Босна и Херцеговина

14 Јул 2021

Мирна Перендија е мајка на три деца од Сараево, Босна и Херцеговина. Таа долго време работеше на низа работни места, од банкарство до продажна трговија. Пред 13 години таа стана мајка за прв пат, а нејзиното првороденче не само што ѝ донесе радост и среќа, туку и го отвори патот за иновативен деловен потфат. Тринаесет години подоцна, таа е сопственик на мала компанија која напредува, со поддршка од ЕУ. Освен што го покрива локалниот пазар, таа планира да го претстави својот производ и на пазарот на ЕУ.

Мирна се сеќава дека во времето кога таа станала родител немало достапни ергономски носачи за бебиња во Босна и Херцеговина. Таа набавила ваков носач за своето дете со помош на пријатели кои живееле во странство. За нејзиното второ дете таа одлучила да сошие сама носач за бебиња и тогаш почнала да мисли дека носачите за бебиња можат да бидат добра бизнис идеја. Тоа би им го решило проблемот на многу други родители, кои, исто како Мирна, морале да ги увезуваат или набавуваат од странство со помош на пријатели и роднини.

„Одлучив дека оттогаш нема да работам за други луѓе, туку наместо тоа ќе работам на развивање на сопствен бизнис.“

Мирна Перендија, сопственик на DracoMom Carriers

Од хонорарен бизнис до бизнис со полно работно време

На почетокот, Мирна сама произведувала носачи за бебиња за пријатели, роднини и колеги како хонорарна работа дома. Меѓутоа, како што минувало времето, барањата продолжиле да растат, а во 2015 година таа донела одлука оваа хонорарна работа да ја претвори во поголемо деловно претпријатие. „Одлучив дека оттогаш нема да работам за други луѓе, туку ќе работам на развивање на сопствен бизнис“, вели таа.

Таа постојано ги подобрувала своите производи со модифицирање, прилагодување и рафинирање на дизајнот и функционалноста на нејзините носачи за бебиња. Како што се зголемувала побарувачката, таа ангажирала дополнителни хонорарни соработници, кои ѝ помагале во производството. Меѓутоа, во одреден момент требало да направи поголем скок. Ѝ недостасувале информации за управување со бизнис и вештини за понатамошно проширување на нејзиниот бизнис, а исто така ѝ биле потребни машини. Тогаш слушнала за проектот EU4Business финансиран од ЕУ. „Ја видов можноста објавена на Facebook и си помислив – тоа ми треба – и решив да се пријавам“, вели Мирна.

„Цврсто верувам во претприемништво на жените и мислам дека жените претприемачи можат да направат чуда со мала поддршка. Затоа се надевам дека ќе вработам уште најмалку три самохрани мајки во нашата компанија, бидејќи и јас некогаш бев самохрана мајка.“

Мирна Перендија, сопственик на DracoMom Carriers

Со поддршка од проектот EU4Business, Мирна доби обука за вештини за управување со бизнис и финансиска поддршка од 5.000 евра, со која купи подобра машина. Со оваа инвестиција, таа успеа да го зголеми квалитетот и квантитетот на производството и сега ги има потребните меѓународни сертификати за производи за извоз во земјите членки на ЕУ.

Сега планира дополнително да го прошири својот бизнис и дополнително да го зголеми бројот на работници и соработници. „Цврсто верувам во претприемништво на жените и мислам дека жените претприемачи можат да направат чуда со мала поддршка. Затоа се надевам дека ќе вработам уште најмалку три самохрани мајки во нашата компанија, бидејќи и јас некогаш бев самохрана мајка “, вели Мирна.

За проектот

EU4Business има за цел да го стимулира развојот на претприемништвото, извозно ориентираните сектори, туризмот и земјоделството во Босна и Херцеговина. Вкупниот буџет на EU4Business изнесува 16 милиони евра, кои се заеднички финансирани од Европската Унија (15 милиони евра) и германската влада (1,1 милион евра). Проектот заедно го спроведуваат GIZ (Германската корпорација за меѓународна соработка), Меѓународната организација на трудот и Програмата за развој на Обединетите нации и ќе заврши до март 2022 година.

Дознај повеќе

 

Photo credits:DracoMom Carriers

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.