Новинари добиваат повеќе време за да ја кажат вистината | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Новинари добиваат повеќе време за да ја кажат вистината

Истражувачкото новинарство е скапоцено богатство во кое ЕУ смета дека вреди да се инвестира.

SCROLL DOWN

Во Косово, консумацијата на дигитални вести доживеа вистински бум пред неколку години. Како што пандемијата ги принуди луѓето да поминуваат повеќе време дома, моќта на дигиталните платформи порасна, а истите платформи се најчестиот извор на неточни или погрешни информации.

Според Арта Бериша, проминентна новинарка која го покривала феноменот на лажните вести, бројот на онлајн портали за вести во Косово се издигнал во периодот околу општите избори во 2017. Во тоа време, само што била започнала да предава новинарство: „Како новинарка, бев загрижена поради недостатокот на стандарди на овие портали,“ вели таа.

„Сакавме да понудиме платформа за новинари кои не се во можност независно да креираат содржина; за да можат да си ја работат својата работа без, притоа, да бидат под влијание на рекламаторите или дневниот притисок за креирање содржина во нивните редакции за дневни вести.“

Албулена Садику, БИРН

Во споредба со пазарот во САД каде што создавањето лажни вести е заради финансиски добивки, во Косово лажните вести се наменети, главно, за политички цели. „Изобилуваат содржините со привлечни наслови и пристрасни и непроверени информации кои се креирани за чисто политички намери од страна на претставници на медиумите поврзани низ политичкиот спектар во Косово,“ вели Бериша која нашироко пишувала на оваа тема во 2017. Ситуацијата е потврдена во студија на Европскиот парламент која ја цитира работата на Бериша и заклучува дека дезинформациите во Западен Балкан се креираат и шират од домашни чинители за домашни цели. Студијата за дезинформации, спроведена во периодот помеѓу 2018 до 2020, открива три клучни предизвици поврзани со дезинформациите: надворешни предизвици за кредибилитетот на ЕУ, дезинформации поврзани со пандемијата КОВИД-19 и влијанието на дезинформациите врз изборите и референдумите.

Серија од 12 статии, напишани од Бериша, го просветлиле овој широко распространет феномен во дигиталните медиуми кои покриваат низа теми; од изборите до проверка на факти и неоправдано владино финансирање на селектирани медиуми со потенцијал да влијаат на нивните уредувачки политики. Во нејзините статии, таа во фокусот ги става порталите за вести кои се членови на Советот за печат и кои постојано објавувале приказни со лажни информации кои потенцијално ѝ наштетуваат на одредена личност или репутацијата на одреден ентитет. Јавниот радиодифузен сервис, РТК, не бил исклучок.

„Изобилуваат содржините со привлечни наслови и пристрасни и непроверени информации кои се креирани за чисто политички намери од страна на претставници на медиумите поврзани низ политичкиот спектар во Косово.“

Арта Бериша, истражувачка новинарка

Бериша била дел од 46 новинари кои ги објавиле своите откритија на низа теми од јавен интерес како дел од програма, финансирана од ЕУ, за зајакнување на истражувачкото новинарство и слобода на изразување во Косово. Шемата, имплементирана преку стипендии и грантови, им овозможила на новинарите да спроведат длабински истражувања во период до шест месеци.

„Сакавме да понудиме платформа за новинари кои не се во можност независно да креираат содржина; за да можат да си ја работат својата работа без, притоа, да бидат под влијание на рекламаторите или дневниот притисок за креирање содржина во нивните редакции за дневни вести,“ вели Албулена Садику од Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН.

Истражувачките статии отворија јавна и медиумска дебата, па дури и парламентарна дискусија за проблеми од висок јавен интерес. Дополнително, новинарите добија награди за својата работа; таков е, на пример, случајот со приказната за детските права доделена од страна на коалиција невладини организации активни во таа сфера. Статиите на Арта Бериша биле нашироко објавувани од локалните медиуми и пошироко. Сите заедно придонесуваат за градење на новинарскиот кредибилитет, вели таа. „Лажните вести прават луѓето да ја изгубат довербата во новинарството.“ Бериша додава, исто така, дека ваквата ситуација ја нарушува нашата способност да идентификуваме веродостојни извори на информации. Организирала изложба со печатени примери од нејзиното истражување со цел да ја подигне свеста за проблемот меѓу медиумската заедница. „Не се појави ниту еден медиумски претставник кој учествуваше во моето истражување.“

За програмата

БИРН и Здружението новинари во Косово го имплементираа проектот „Придонесување за зајакнување на независното, истражувачко, и од јавен корист, новинарство и Слобода за изразување во Косово“, финансиран од грант на ЕУ. Со помош на стипендија биле финансирани 20 индивидуални новинари додека, пак, шемата за подгрантови обезбеди поддршка за 48 грантисти; вклучувајќи 26 индивидуални новинари (од коишто 12 жени) и 22 медиумски организации (од коишто 16 со седиште во заедници на малцинства). Меѓувремено, програма за стажирање нуди можност на 57 стажанти, од кои 41 се жени. Во рамки на проектот беа создадени 440 новинарски дела, а поголемиот дел од нив беа повторно издадени во медиумите низ Косово и регионот.

 

 

Photo credits: BIRN, Arta Berisha, Europe House Pristina

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.