Списание од и за српската младина | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Списание од и за српската младина

Основан од млади медиумски професионалци фрустрирани од недостатокот на платени можности во доменот на новинарството, Облакодер брзо се поставува како глас за младината во Србија.

SCROLL DOWN

Пред три години, група млади новинари во Србија се соочувала со сериозни тешкотии за влез на пазарот на труд после дипломирањето. Повеќето медиумски куќи нуделе само неплатени стажирања и волонтерска работа. Фрустрирани од недостатокот на можности, групата одлучила да основа списание од и за млади луѓе, насловено Облакодер.

Марина Зец, главна уредничка на Облакодер, го избрала името на списанието додека била во кафуле заедно со уште еден од основачите. „Заедно со остатокот од тимот веќе го имавме смислено целиот проект, единственото нешто што недостигаше беше името“, се присетува Зец. „Одлучивме да не го напуштиме кафулето сè додека не смислиме име.“

Зец објаснува дека зборот „облакодер“ доаѓа од „облак“ и потсетува, истовремено, на идејата да се биде со главата во облаци како и на модерен град полн со облакодери. Ваквата идеја била инспирација и за изгледот на веб страницата којашто, исто така, е во форма на облакодер.

„Ние [младите] сме, најчесто, преставени како светци или ѓаволи, не постои средина. Сакавме да дадеме една понијансирана перспектива.“

Марина Зец

Уште од својот зачеток, главната цел на Облакодер е да го предизвика начинот на којшто младите се претставени во српските медиуми. Најчесто сме преставени како светци или ѓаволи, не постои средина. Сакавме да дадеме една понијансирана перспектива,“ објаснува Зец, која работи во доменот на новинарство и односи со јавноста уште од 19 години.

Содржината на списанието вклучува млади Срби, уметници и активисти како начин на предизвикување на постоечкиот стереотип. На овој начин, списанието брзо го привлекло вниманието како на младите читатели, така и на новинарите почетници.

Од волонтерски тим до овозможување платени можности за млади новинари

„Кога почнавме, не знаевме навистина што правиме,“ признава Зец. „Но, бевме одлучни да бидеме професионални. Усвоивме строги новинарски вредности на објективност, професионалност и постојано проверување на изворите, сето тоа со фокус на креирање интересни содржини за помладата публика.“

„Усвоивме строги новинарски вредности на објективност, професионалност и постојано проверување на изворите, сето тоа со фокус на креирање интересни содржини за помладата публика.“

Марина Зец

Во почетните месеци, парите биле навистина лимитирани, па тимот работел на волонтерска основа; работејќи постојана работа преку ден, а навечер посветувајќи се на Облакодер.

„Поддршката на Европскиот фонд за демократија (ЕФД), добиена минатиот март, беше вистинско спасување за нас,“ изјавува Зец, потенцирајќи како финансирањето на ЕФД му овозможило на списанието да купи нова опрема и да изнајми канцелариски простор; давајќи им финансиска стабилност да можат да направат долгорочни планови за развој. Облакодер сега може да смета на својот персонал од 15 новинари, од кои една третина работат со постојано работно време.

 Списание кое е во допир со младите во Србија

Повеќето од читателите на Облакодер се на возраст помеѓу 23 и 35 години, односно милениумци кои се борат да го најдат своето место во светот и во Србија, каде што стапката на невработеност помеѓу младите се искачува и до 30 проценти, а достапните работни можности не се во согласност со нивото на образование на бројни млади луѓе.

Денес, Облакодер брои помеѓу 40 000 и 50 000 читатели секој месец и 13 000 следбеници на Инстаграм. „Од нашето мониторирање можеме да забележиме дека луѓето целосно ги читаат нашите статии. Особено сме горди што читателите не ги читаат површно статиите, туку се навистина заинтересирани за тоа што имаме да го кажеме,“ вели Зец.

Причината за овој успех, според Зец, е тоа што тимот пишува за релевантни проблематики, наместо за број на кликови. Иако проектот започнал како списание за уметност и животен стил, Облакодер го проширил својот дијапазон и сега покрива тематики како човекови права и инклузија на малцинства и луѓе со инвалидитети.

“Навистина сме горди дека нешто што пред неколку години беше само идеја, денес прерасна во реалност,“ вели таа.

Во врска со Европскиот фонд за демократија

Европскиот фонд за демократија (ЕФД) е независна организација која обезбедува грантови; основана во 2013 од страна на Европската Унија и земјите-членки на ЕУ со цел поттикнување демократија во Европското соседство, Западен Балкан, Турција и пошироко. ЕФД поддржува граѓански организации, продемократски движења, граѓански и политички активисти, како и независни медиумски платформи и новинари чија работа се стреми кон плуралистички, демократски политички систем.

Photo credits: Oblakoder magazin

 

This is an abridged version of an article published by the European Endowment for Democracy. Read the original article

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.