Живеење на сонот: претставување мода на големата сцена | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Живеење на сонот: претставување мода на големата сцена

Млада модна дизајнерка го претставува Моден викенд Скопје на Берлинската модна недела со поддршка на програма финансирана од ЕУ.

SCROLL DOWN
Софија Урумовиќ, 28 години, е млада, но успешна модна дизајнерка. Нејзиниот интерес за модата започнал на рана возраст. “Уште како дете, мојот сон беше да бидам “сејазична“; односно да можам да ги зборувам или разбирам сите јазици. Се разбира, тоа е невозможно, но, со текот на времето, сфатив дека модата е еден од најмоќните и универзални јазици во светот, кој може да се употреби како одличен начин за самоизразување и комуникација“, вели таа.

Така, кога Софија наполнила 18 години, одлучила да студира мода, а по додипломските, завршила и постдипломски студии. Нејзиното рано искуство со модата било само од модните списанија, па модата ѝ се чинела како бајка. Меѓутоа, Софија вели дека модата не е лесен занает и, подоцна во животот, била соочена со бројни предизвици. Едни од позначајните биле потребата од повеќе финансиски извори и мрежа на соработници за да ја претстави својата работа пред поширока публика. Последниот од овие два бил решен со поддршка на проект финансиран од ЕУ.

“Со текот на времето, сфатив дека модата е еден од најмоќните и универзални јазици во светот, кој може да се употреби како одличен начин за самоизразување и комуникација.“

Софија Урумовиќ, модна дизајнерка

Модниот свет се отвора

Преку отворен повик, Софија била избрана од проектниот партнер “United Fashion“, Моден викенд Скопје, за да го претставува балканскиот регион. Софија има само позитивни зборови за проектот, велејќи дека целото искуство било прекрасно. Како дел од проектот, таа, како и останати млади дизајнери од други држави, добила прилика за претставување на својата работа во рамки на Берлинската модна недела во 2018, како и ModaLisboa во 2020.

Градење врски

“Во Берлин, запознав одличен агент за германскиот пазар кој ми даде корисни совети од деловна перспектива, додека, пак, во Лисабон, можев да видам како помал тим организира голем моден настан, обезбедувајќи значајна платформа за млади креативци“, вели таа. Претставувањето на нејзината работа на платформа како Берлинската модна недела било искуство кое таа го опишува како сон на секој моден дизајнер, но Софија имала и други придобивки од проектот. Можеби најважната, според неа, е можноста за градење нови врски; запознавање луѓе со кои, како што вели таа: “постојано е во контакт, не само како пријател, туку и како професионалец“.

“Сметам дека пандемијата нè научи дека тоа што ѝ го правиме на планетата е навистина неодговорно и засрамувачки. Потребно е да го промениме начинот на кој функционираме.“

Софија Урумовиќ, модна дизајнерка

Во моментов, Софија развива нови идеи; меѓутоа сака да го задржи својот бренд мал, но со континуиран развој. “Сметам дека пандемијата нè научи дека тоа што ѝ го правиме на планетата е навистина неодговорно и засрамувачки. Потребно е да го промениме начинот на кој функционираме. Модната индустрија, особено, има бројни недостатоци. Сегашната ситуација ги принуди сите, дури и “големите играчи“, кои се, истовремено, и големи носители на промена во индустријата, одново да го обмислат начинот на којшто работиме и да ги постават основите на еден нов моден систем“, вели таа.

Преку неколку мрежи за меѓународни настани и трансдисциплинарни работилници, повеќе од 150 модни дизајнери добиле можност да го искористат проектот “United Fashion“ и тоа со цел да ги престават своите колекции, да го истражат и разберат функционирањето на неколку европски пазари, да развијат нови вештини во доменот на модна технологија, одржлива мода, производство, занаетчиство и бизнис модели.

За проектот

Проектот “United Fashion“ е спроведен од мноштво европски модни здруженија за поддршка, како на пример: Baltic Fashion Federation (Латвија), Fashion Council Germany, Fashion Weekend Skopje (Северна Македонија), Flanders DC (Белгија), MAD Brussels (Белгија), Maison de Mode (Франција) и ModaLisboa (Португалија). Целта на проектот е да ја засили културата на моден дизајн низ Европа, правејќи ја бизнис ориентирана, зголемувајќи ја, истовремено, меѓународната конкурентност и тоа без ограничување на креативноста. Проектот “United Fashion“ е поддржан од програмата “Креативна Европа“ на ЕУ.

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.