Кампањата „ОД НАС НАПРАВЕНО“ денес пристигнува во Косово News | WeBalkans

Новости

Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан

25/04/2023

Кампањата „ОД НАС НАПРАВЕНО“ денес пристигнува во Косово

Кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“, финансирана од ЕУ, а до вас доведена од страна на „WeBalkans“, неделава продолжува во Косово. Кампањата за сензибилизација има за цел промовирање позитивна слика за ЕУ меѓу луѓето од Западен Балкан и обратно. Протагонисти на кампањата се 12 млади влогери од ЕУ и Западен Балкан кои ќе патуваат ширум регионот, во парови. Секој пар ќе ги споделува искуствата од патувањето преку креирање сопствена онлајн содржина.

 

Канцеларијата на ЕУ во Косово беше домаќин на медиумски ручек за објавување на почетокот на патувањето во Косово. Алесандро Бјанкарди, шеф на Одделот за соработка при канцеларијата на ЕУ во Косово, ги поздрави влогерите и ги пофали за нивниот придонес за промовирање на ЕУ и Косово.

 

Влогерите Алб Муџахири (@albfilmss) од Косово и Брајан Рокка (@brianrocca) од Холандија, денес поаѓаат на нивното патување. Ќе патуваат седум дена, од 25. април до 1. мај, прикажувајќи го најдоброто од Косово, како и инвестиции од ЕУ во регионот. Ќе посетат различни места; вклучително и историскиот град Призрен, планините Ругова, филмски фестивали, проекти за иновација и туристички бизниси поддржани од ЕУ. Дел од проектите, финансирани од ЕУ, кои ќе ги посетат се „Labbox“ – проект кој им овозможува на децата да експериментираат со мали проекти од доменот на инженерството и електрониката; „Докуфест“ – меѓународно признаен филмски фестивал и „Balkan Natural Adventure“ – компанија за туристички оператори која привлекува посетители од ширум светот во Косово.

 

Кампањата започна на 18. април и ќе трае до 30. мај, а секоја недела фокусот ќе биде ставен на една од шесте партнерски држави од Западен Балкан. Влогерите ќе покријат вкупно 18 проекти, поддржани од ЕУ; 6000 километри со автомобил, и ќе запознаат бројни интересни и инспиративни локалци во текот на патувањето; прикажувајќи ги, истовремено, природните пејзажи, исклучителните обележја и уникатното културно наследство кое го нуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери со своја опрема ќе ги снимат искуствата и ќе ги споделат на каналите на социјалните медиуми, трансформирајќи го своето патување во висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет, слики и видеа, кои ќе бидат споделени на каналите на „WeBalkans“.

 

Не пропуштајте ниту една секунда од ова возбудливо патување – заследете ги веднаш „WeBalkans“ и сите влогери на Инстаграм!

Read more

Извор на фотографии: Arbër Gjoni

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.