Пакетот за енергетска поддршка во акција – рехабилитација на шест хидроцентрали во Северна Македонија News | WeBalkans

Новости

Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан

3/03/2023

Пакетот за енергетска поддршка во акција – рехабилитација на шест хидроцентрали во Северна Македонија

Спогодби за финансирање, во вредност од 36,2 милиони евра, беа потпишани на 23. февруари 2023 г., за рехабилитација на шест хидроцентрали во Северна Македонија. Инвестицијата се состои од 11,2 милиони евра грантови од ЕУ, 25 милиони евра заем од банката за развој „KfW“ и 200000 евра од Владата на Германија; сите средства канализирани преку Инвестициската рамка Западен Балкан.

 

Инвестицијата ќе биде завршена во текот на следните две години и е третата фаза од рехабилитацијата на шест големи хидроцентрали (ХЦ Вруток, ХЦ Врбен, ХЦ Равен, ХЦ Тиквеш, ХЦ Шпилје и ХЦ Глобочица) кои обезбедуваат помеѓу 20 % и 30 % од вкупното производство на електрична енергија во државата.

 

Инвестициите ќе го продолжат животниот век на централите, зголемувајќи го нивниот производствен капацитет за околу 13.5 MW. Производството на електрична енергија ќе се зголеми за околу 47.5 GW. Проектот е во согласност со Зелената агенда за Западен Балкан за транзиција кон чиста енергија, придонесувајќи за Стратегијата за енергетски развој на Северна Македонија. На овој начин, се цели кон намалување на стакленичките гасови за 61 %, споредено со нивоата во 2005 година и зголемување на уделот на обновливи извори енергија на 45 % до 2040 година.

 

Заемот, грантот и спогодбите за гаранција беа потпишани помеѓу директорот на Отсекот за енергија и транспорт во Југоисточна Европа и Турција, при „KfW“, Пабло Обрадор Алварез; министерот за финансии на Северна Македонија, Фатмир Бесими; и директорот на државната компанија АД ЕСМ – Скопје, Васко Ковачевски. На церемонијата за потпишување присуствуваа и европскиот амбасадор, Дејвид Гир, како и вршителот на должноста амбасадор на Германија во државата, Отто Граф.

 

Проектот, идентификуван како Водечки проект 4 – Обновлива енергија во економскиот и инвестициски план на ЕУ, е дел од напорот на Европската комисија за подобрување на енергетската безбедност во регионот, проследен од усвојувањето на Пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан, вреден 1 милијарда евра. Проектот е финансиран преку Инвестициската рамка Западен Балкан, како дел од пакет, во висина од 500 милиони евра, кој опфаќа приоритетни водечки инвестиции за диверзификација на енергетското снабдување, зајакнување на обновливата енергија и подобрување на енергетската ефикасност.

Read more

Извор: WBIF

Извор на фотографии: WBIF  

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.