Фондација 17 е невладина организација од Косово, иницирана од активистите Нита Зеќири и Ајете Керќели. Нивната соработка започнала со создавање визуелни и интелектуални уметнички дела кои ги истражуваат психолошките и општествени перспективи преку видео-експериментална уметност. Имале идеи и мотивација, но, иако овие елементи се важни, не биле доволно: активистките имале потреба од поддршка во насока на повеќе соработници, финансии и, најважно, работен и изложбен простор. Со оглед на тоа што биле свесни дека ова се проблеми со кои се соочуваат повеќето уметници во Косово, одлучиле да започнат иницијатива со која ќе би си помогнале не само себеси, туку и на целата културна сцена во Косово.
Како што биле почетници во бизнисот и било тешко да се најдат фондови од донатори, одлучиле од сопствена заштеда да изнајмат и опремат простор така што отвориле проектен простор достапен за други уметници и организации.
Лири Хашани се приклучила во Фондација 17 три месеци по започнувањето на Проектниот простор 17; најпрво, како асистент за проектен простор, а подоцна унапредена во координатор за контакти и социјални медиуми. Лири објаснува дека организацијата е изградена врз основа на личните искуства на основачите и потребата да се возобнови функцијата на алтернативните јавни простори. Дополнително, тие веруваат дека уметноста и културата се средства за иницирање значајни општествени потреби. Како што Лири резимира: „Фондација 17 има за цел да поттикне позитивна промена во општеството со зајакнување на заедниците преку културен активизам.“
Од нивното започнување, во 2018 година, организацијата имплементирала бројни проекти, спојувајќи идеи од луѓе од различни средини и професии, обединети преку уметноста, и кои третираат различни општествени прашања; обидувајќи се да ги ангажираат младите на различни начини.
Една од нивните програми е „Метаморфози“, која има за цел да ги спои уметностите и културата во дијалог за да се дискутира за важноста од користењето на јавниот простор. Преку „оживување“ и ревитализирање на напуштени згради, дури и на еден ден, целта е да се документира колективната меморија за минатото за кое ретко се зборува; како и да се осврне кон употребата на јавниот простор во корист на заедницата. Досега, интервенирале во четири напуштени простори во кои имале директни уметнички интервенции; но, исто така, создале и публикации кои ја претставуваат и анализираат врската помеѓу зградите, спомениците и јавната свест.
Друга програма е Галерија 17 во чии рамки, преку кампања за групно финансирање и со поддршка на уметничката заедница, изнајмиле и возобновиле стара механичарска работилница, претворајќи ја во постојан простор за уметнички изложби. Со посебен фокус на општествени прашања, уметниците и кустосите во Галерија 17 експериментираат со концепти, идеи и простор.
Меѓутоа, организацијата добила поддршка и од меѓународни донатори за имплементирање на програмите и надоградување на управните и административни капацитети. Еден од проектите кои ги поддржал бил и проектот на ЕУ за техничка помош за организациите на граѓанското општество во Западен Балкан и Турција („EU TACSO“). Лири објаснува дека имале редовни комуникациски активности, но, и дека сè уште работеле на подобрување на нивната стратегија за социјални медиуми што, всушност, била нејзината прва работа како координатор за социјални медиуми. Проектот „EU TACSO“ ја поддржал Лири со обука која била проследена со тренинг еден на еден. „Поддршката на ЕУ беше навистина од помош затоа што ми овозможи да ги подобрам моите вештини и да согледам друга перспектива за тоа како би требало да бидат координирани социјалните медиуми,“ вели Лири.
За проектот
„EU TACSO“ е регионален проект, финансиран од ЕУ, кој ги подобрува капацитетите и улогата на организациите на граѓанското општество. Проектот им помага на организациите на граѓанското општество да земат активно учество во демократските процеси во регионот, стимулирајќи средина со можности за граѓанското општество и развој на плуралистички медиуми.
Проектот делува во Албанија, БиХ, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Турција и е дела од Механизмот за граѓанско општество на ЕУ кој овозможува поддршка за организациите на граѓанското општество во државите кои сè уште не се дел од ЕУ. Организациите на граѓанското општество играат важна улога за ЕУ и се клучни чинители за поддршка на пристапниот процес во своите држави.
Photo credits: Foundation 17
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!