Да, и Кан се може! | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Да, и Кан се може!

На натпревар за филмофили, моден дизајнер од Сараево освоил можност да го посети Канскиот филмски фестивал.

SCROLL DOWN

Милан Сениќ, 39 години, е професионален моден дизајнер од Сараево. Милан е, исто така, филмофил, но, честопати, заради работата, нема време да гледа филмови. Лани, видел објава на Фејсбук за проект наречен “Европски филмски предизвик“.

Објавата била покана до филмофилите да изгледаат десет европски филма, во текот на десет недели, на каков и да е легален медиум. По гледањето, натпреварувачите требало да го споделат своето филмофилско искуство и да собираат поени. Натпреварувачот кој ќе собере најмногу поени, ќе добие можност да искуси еден важен филмски фестивал, со трошоци целосно покриени од проектот.

“Ко што велат: ако сакаш нешто, ќе најдеш време; ако не, ќе најдеш изговор.“

Милан Сениќ, моден дизајнер

Добра навика

Милан одлучил да го прифати предизвикот и започнал со селекција и гледање на филмови. Пред предизвикот, бил еден од оние кои сакаат да гледаат повеќе филмови, но немаат време за тоа. “Предизвикот ми помогна повторно да создадам редовна навика за гледање филмови. Ко што велат: ако сакаш нешто, ќе најдеш време; ако не, ќе најдеш изговор.“

Милан уживал во искуството со натпреварот, бидејќи е голем љубител на европски филмови. Во потрага по најдобрите европски филмови, вели открил бројни интересни режисери и филмови. Дотогаш, претпочитал шпански, италијански и француски филмови, но благодарение на предизвикот, со особено задоволство открил унгарски филмови кои не ги бил гледал претходно.

Главна награда

Неговите напори вродиле со плод. Милан имал доволно среќа да го освои натпреварот, а, со тоа, и можност да биде дел од Канскиот филмски фестивал. “Имав предзнаења за Кан кога отидов таму, но бев изненаден од тоа колку сè е скапо и прекрасно. Беше одлично искуство да се види сиот тој гламур и луксуз“, вели тој.

За повеќето, Канскиот филмски фестивал е деловно патување за запознавање со продуценти, режисери и други партнери од филмската индустрија. Од тој агол, Милан имал предност: можел целосно да се препушти и да ужива во фестивалот и филмовите.

Но, имал прилика да извлече, исто така, и професионална корист од посетата на фестивалот. Канскиот фестивал е настан на кој модата зазема централно место, и е навистина посебно да се искуси во живо. “Беше, исто така, корисно професионално искуство, затоа што Кан е особено значаен како за филмската, така и за модната индустрија“, вели Милан.

“Беше, исто така, корисно професионално искуство, затоа што Кан е особено значаен како за филмската, така и за модната индустрија.“

Милан Сениќ, моден дизајнер

Промовирање на европскиот филм

Милан бил само еден од неколкуте победници од земјите-учеснички во проектот. По успехот на претходното издание, проектот преминал во напредна фаза на развој пред публиката и раст на заедницата. Ова вклучува четири клучни идеи за примена, и тоа: програма за филмски инфлуенсери и платформа за прилагодување содржини, настани за филмофили и филмофилска пазарна студија која ги обработува информациите собрани од натпреварот.  Државите партнери се: Босна и Херцеговина, Чешка, Шпанија, Латвија, Литванија, Северна Македонија, Португалија и Србија. Проектот “Европски филмски предизвик“ е финансиран од програмата на ЕУ – Креативна Европа; која ги поддржува културните и креативни сектори.

 

Photo Credits: Milan Senić

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.