Теодора започнала да слуша панк музика кога имала 14 години. „Претходно, бев нормално дете, со Барби кукли и собата ми беше обоена розово. Сè беше навистина во женски стил“, вели таа, потсетувајќи се на облеките кои ги шиела за своите барбики. Раскажува дека израснала со огромна љубов и грижа од своите родители во скоро идеално детство. Но, за време на тинејџерските денови, станала бунтовничка.
Како да се најде панк стил во Скопје?
Како што Теодора преминала од розова боја на панк, сакала соодветно да се облекува. Меѓутоа, нејзиниот роден град – Скопје, немал продавници за облека во панк стил. „Познавав деца чии родители биле панкери кога биле млади, па тие ја носеа старата облека на своите родители. Јас не бев во таква позиција, па започнав самата да дизајнирам и шијам сопствена панк облека.“
На времето, Теодора не знаела дека тоа ќе биде почетокот на нејзиниот сопствен моден дизајн и модна кариера. Потоа, одлучила да студира моден дизајн и заминала во Лондон каде што започнала панк културата. Додека била таму, ги развила своите дизајни. „За мене, панкот отсекогаш бил начин како да се избегне мислењето на општеството и да се биде слободен“, вели таа, а нејзините креации го одразуваат кажаното преку неконвенционалните материјали и мешањето на родовите норми.
„Познавав деца чии родители биле панкери кога биле млади, па тие ја носеа старата облека на своите родители. Јас не бев во таква позиција, па започнав самата да дизајнирам и шијам сопствена панк облека.“
Теодора МитровскаКога дипломирала на универзитетот Middlesex во Лондон, Теодора започнала да бара начини како да влезе на пазарот на модата преку промоција и продажба на нејзиниот бренд. Знаела дека да се има уникатен бренд може да биде огромен благослов, но, исто така, и предизвик – било навистина тешко да се најде место на пазарот рамо до рамо со конвенционалните брендови. Имала само 21 година и можностите биле навистина ретки, но Модниот викенд Скопје, невладина организација од нејзиниот роден град, ја поканил да ја претстави својата работа на модната недела во Рига, а потоа и во Лисабон.
„Неверојатно ми беше дека ова се случува! Света, од Моден викенд Скопје, чула дека сум дипломирала и дека мојата дипломска колекција е подготвена. Ми се јави и ми кажа дека би била одлична кандидатка за да ја претставувам Северна Македонија на овие ревии. Бев возбудена“, се смее Теодора.
Заедно со партнери од Белгија, Франција, Германија, Латвија и Португалија, Модниот викенд Скопје отпочнал проект наречен „United Fashion“, финансиран од програмата Креативна Европа на ЕУ. Овој проект им помага на младите дизајнери да ја промовираат својата работа, да стекнат нови вештини од доменот на модниот маркетинг и да градат врски со колеги и модни компании низ Европа.
Учење на основата
Теодора вели дека на ова гледала како одлична прилика за да ги научи особеностите на модната индустрија. „Сакав да научам како се подготвува модна ревија, како се работи на фризурата и шминката или како моделите вежбаат.“ Во Лисабон и Рига, Теодора учествувала, исто така, и во работилници и семинари со гости-говорници кои зборувале за можности за производство и соработка, одржливост на брендовите и маркетинг стратегии. Меѓутоа, сфаќа дека најмногу ѝ помогнало “мешањето на коктел забавите на коишто имав прилика да зборувам со производители и да разберам како индустријата навистина функционира.“
Трансформирање на панкот во успех
Во моментот, Теодора работи како асистентка на универзитетот Middlesex. Сè уште активно го промовира својот бренд, користејќи сè што научила, имајќи за цел да стане позната дизајнерка во Европа и пошироко. „Имам чувство дека можам да направам нешто навистина големо. Можеби звучи како клише, но убедена сум дека ќе сум успешна“, вели таа.
Photo credits: Teodora Mitrovska
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!