Патување во времето: како едно Скопско училиште се пресели во дигиталната ера | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Патување во времето: како едно Скопско училиште се пресели во дигиталната ера

Како големите инфраструктурни инвестиции ослободија ресурси за финансирање модерни, дигитални наставни алатки во училиште во Северна Македонија.

SCROLL DOWN

Едно од најстарите училишта во главниот град на Северна Македонија, Скопје, се вика „25 Мај“. Изградено во 1967 година, во моментов брои околу 1.500 ученици. Речиси 50 години не биле спроведени никакви значајни активности за реновирање. Прозорците, тоалетите, покривот, па дури и столиците и клупите биле исти како во 1970-тите, правејќи го училиштето да изгледа речиси како музеј.

Фадил Муртезани како дете учел во ова училиште во 70-тите години на минатиот век. Се сеќава дека тогаш училиштето било познато како едно од најпрекрасните во градот. Четириесет години подоцна, во 2011 година, тој стана директор на училиштето. „Кровот прокиснуваше, имавме проблеми со студ во зима, па дури и столицата и клупата на кои седев беа сè уште беа таму. Го видов моето име на неа“, вели тој со малку носталгија.

Заедно со новиот менаџерски тим, Фадил презеде иницијатива за итно подобрување на работите.

„Инвестициите во инфраструктурата на училиштето ослободија ресурси за финансирање модерни, дигитални наставни алатки.

Фадил Муртезани, директор, училиште „25 Мај“

Заштеда на енергија и инвестирање во дигитални алатки

Работите за реновирање првично започнале како иницијатива на родителите. Започнале со мали реновирања, бојадисување на оградата на училиштето и средување на училишниот двор. Сепак, ова било далеку од доволно. На училиштето му требало многу позначајна работа, а немало средства. Сепак, поттикот и ентузијазмот од локалната заедница го привлекле вниманието на Министерството за образование и наука, кое набрзо го одобрило барањето за реновирање и реконструкција на училиштето финансирано со поддршка на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). WBIF е платформа помогната од ЕУ која здружува ресурси од различни извори, вклучувајќи ја Европската комисија, билатералните донатори и меѓународните финансиски институции.

Како резултат на тоа, училиштето „25 Мај“ го обнови покривот и фасадите на училишната зграда, ги замени прозорците и ги обнови подните површини и системите за греење и електрична енергија. Овој напор за модернизација посебно ја подобри енергетската ефикасност на училиштето, овозможувајќи му да заштеди енергија додека ги подобрува условите за настава. Заштедите на енергија, над 100 % годишно, генерирани од овие инвестиции, ослободија финансиски средства кои беа наменети за друга употреба.

„Нашите часови сега се поинтересни и многу повеќе се забавуваме; ние се сметаме себеси за среќни и горди сме на нашето училиште.“

Анила Ибиши, ученичка во деветто одделение во училиштето „25 Мај“

Подобар пристап за сите

Наставниците и учениците од училиштето сега имаат нов мебел и наставна опрема, како што се интерактивни табли и видео проектори во секоја училница, што ги подобрува дигиталните вештини на учениците. „Нашите часови сега се поинтересни, и многу повеќе се забавуваме, се сметаме за среќни и горди на нашето училиште“, вели Анила Ибиши, ученичка во деветто одделение во училиштето. Освен што обезбедуваат подобар дигитален пристап, реновирањето го подобрува и пристапот за учениците со попреченост.

Училиштето е предводник и другите образовни институции во Северна Македонија го земаат како референтна точка за пристап до соодветна образовна инфраструктура. Постигнувањето на европските образовни стандарди во училиштето „25 Мај“ привлече внимание и прием на нови ученици. Фадил гордо вели: „Стапките на уписи се исто така значително зголемени по реновирањето бидејќи аплицираат жителите од другите општини“.

За проектот

 Реновирањето на училиштето на „25 Мај“ е дел од поголем проект кој вклучува изградба на 70 нови објекти за физичко образование во основните и средните училишта и реновирање на 60 основни и средни училишта низ Северна Македонија. Проектот имаше комбинирана инвестиција на грантови и заеми канализирани преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, помогната од ЕУ. Ова вклучуваше два грантови достапни од придонесите на билатералните донатори на WBIF, како и два заеми во вкупна вредност од 42,5 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (CEB).

За WBIF

Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) е платформа за координација на донатори која здружува средства од различни извори, вклучувајќи ја и Европската комисија. WBIF обезбедува финансирање и техничка помош за стратешки инвестиции во енергетскиот сектор , секторот за животна срединасоцијалниот секторсекторот за транспорт и секторот за дигитална инфратруктура. Исто така обезбедува поддршка за иницијативите за развој на приватниот сектор.  Таа е заедничка иницијатива на ЕУ, финансиските институции, билатералните донатори и владите на Западен Балкан.

Photo Credits: WBIF,25 May School

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.