Сеење на семето на успехот | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Сеење на семето на успехот

Назад кон своите корени: млад емигрант се враќа во Албанија и станува успешен претприемач со поддршка од ЕУ.

SCROLL DOWN

Микел Хоџа ја напуштил Албанија за да работи во градежништво во Грција. Тој вели дека морал да се пресели во Грција поради тешките економски услови и немањето работа и професионални перспективи во неговата татковина. Таму работел неколку години во градежниот сектор, каде што работата била тешка и животот не му бил полесен. Поради оваа причина, пред десет години тој решил да се врати на своите корени во Фиер и да си ја проба среќата дома. Тој ги здружил силите со другите членови на семејството за да започне нов бизнис, но никогаш не помислил дека ќе стане толку успешен како што е сега.

Веднаш по враќањето од Грција изградил мала оранжерија. Идејата била да одгледува зеленчук во мал обем, да дистрибуира до околните пазари и да заработува за живот за себе и за своето семејство. Во тоа време тој бил пионер во својот регион за овој вид земјоделски бизнис бидејќи ниту еден друг селанец од неговиот град или околината немал оранжерија. Тој, исто така, се сеќава дека почетокот бил многу тежок бидејќи немал значителна сума пари за инвестирање и немал поддршка од владата или која било друга институција. Но, на крајот, напорната работа и неговиот иновативен пристап се исплатеа и тој влезе во различен тип на земјоделски бизнис кој постојано растеше и го претвори во важен претприемач во областа.

„Видов одлична можност во семињата и решив да ја проширам оранжеријата за да можам да произведувам семиња за продажба на други земјоделци.“

Микел Хоџа, Земјоделец

Што ќе посееш, тоа ќе си жнееш

Еден од најважните предуслови за земјоделството се семиња и садници со висок квалитет и поволна цена. Бидејќи Микел немал пари да увезе семе, почнал да одгледува свое за потребите на својата мала оранжерија. Со вежбање, тој станал добар во тоа и почнале да доаѓаат селани од околината кои веќе направиле свои оранжерии и почнале да му нарачуваат садници. „Видов одлична можност во садниците и решив да ја проширам оранжеријата за да можам да произведувам семиња за продажба на други земјоделци“, вели Микел.

Со текот на годините, Микел стана еден од водечките претприемачи кои продаваат семиња во неговата област. Во моментов тој произведува и продава над 12 милиони садници годишно. Дополнително, тој веќе има извезено садници од лубеница во Црна Гора, а минатата година почна да извезува мали количини садници во Италија и Бугарија.

Бизнисот постојано растел, но на Микел му била потребна поддршка за да го однесе на следното ниво. Тој слушнал за програмата Инструмент за претпристапна помош за рурален развој (IPARD) финансирана од ЕУ и, бидејќи совршено одговарал во однос на подобноста, решил да аплицира.

„Поддршката од ЕУ беше точка од која што можев да направам голем скок од земјоделец до вистински претприемач во бизнисот со семиња.”

Микел Хоџа, Земјоделец

Скок во претприемништвото

Со поддршка од IPARD, Микел изгради уште една модерна оранжерија од 4.830 m2 опремена со потребната технологија и системи кои овозможуваат годишно садење и одгледување на садници. „Поддршката од ЕУ беше точка од која што можев да направам голем скок од земјоделец до вистински претприемач во бизнисот со семиња“, вели Микел.

Поддршката од IPARD покривaла 65 отсто од инвестицијата, а за останатото морал да земе кредит од банка. Микел и претходно се обидел да добие заем од банка за да го прошири својот бизнис, но не бил успешен. Тој објаснува дека кога му била дадена поддршката од IPARD, тогаш банките биле подготвени да го поддржат преостанатиот дел.

Микел моментално има 25 работници, а во иднина планира да ја зголеми работната сила. Има купено и ново земјиште бидејќи нарачките за садници постојано се зголемуваат. „Земјоделството е многу добар бизнис сè додека сте посветени да работите напорно и да го одржувате квалитетот на вашите производи конзистентен“, вели тој.

За програмата

Дел од Инструментот за претпристапна помош (IPA) дизајниран да ги поддржи земјите на патот кон членство во ЕУ, Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (IPARD) се фокусира на земјоделско-прехранбените сектори на тие земји и руралните области. Преку оваа алатка, ЕУ им обезбедува на корисниците финансиска и техничка помош за да ги направат нивниот земјоделски сектор и руралните области поодржливи, усогласувајќи ги со Општата земјоделска политика на ЕУ.

Photo credits: Mikel Hoxha

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.