Даница Шмиц е родена во Белград во 1937 година и го преживеала бомбардирањето на градот криејќи се во подрумот на зградата во којашто живеела со своите родители. Таа е пензионирана наставничка по математика и физика и има два сина; но, истовремено, е и волонтерка-херој, со искуство од преку 50 години добротворна работа, помагајќи им на луѓето во неволја.
„Волонтирањето е едно од моите најголеми задоволства. Обожавам да посетувам самци, за да не се чувствуваат осамено или заборавено,“ вели Даница, која во 1970 завршила курс за болничарка-волонтер во Црвен Крст и оттогаш не запрела активно да учествува во јавниот живот – во време на војна и мир. „Ако сакаме овој свет да биде подобро, поправедно и почовечно место за живот, првиот чекор е волонтерството; да си помагаме еден на друг, и тоа не само за време на пандемија или, пак, поплави. Ова би требало да биде составен дел од нашите животи.“ Даница останала активна за време на пандемијата КОВИД-19: пишува и објавува и останува во контакт со стари лица во потреба од помош или, пак, лица кои се чувствуваат осамено, исплашено или отфрлено од заедницата.
„Старите лица не се товар за општеството: општеството може да има корист од нив.“
Даница Шмиќ
Низ повеќе од половина век активизам и волонтерство, Даница е борец за правата на старите лица: „Старите лица не се товар за општеството: општеството може да има корист од нив, но меѓугенерациската солидарност е особено важна, а ова стана дотолку поочигледно за време на пандемијата со Коронавирусот. Коронавирусот не нè спречи да си помагаме едни на други, и сè уште успеавме да волонтираме, но на различен начин, а меѓугенерациската солидарност ни помогна меѓусебно да контактираме и да научиме едни од други.“
Даница вели дека секој мора да го најде својот „внатрешен волонтер“ и, најмногу што може, да им помага на луѓето во своето соседство. Семејството и училиштето се особено значајни кога станува збор за градење на овие навики кај децата и младите: „Сметам дека треба да има часови за волонтерство и солидарност и дека луѓето треба од рана возраст да се вклучат во вакви активности. Ние сме нација полна со љубов, нација која знае како меѓусебно да си помогне, но, исто така, имаме навика лесно да забораваме.“
„Толку сум среќна за сликата што немам зборови. Со успехот и пофалбата доаѓа уште поголема радост, но и поголема одговорност. Сево ова инспирира и е, истовремено, поттик за да се продолжи со работа.“
Даница Шмиќ
Даница се појавила на слика насловена „На автобуска станица – волонтерка на својот пат да посети старо лице во потреба од помош“ која освоила прва награда во категоријата „Најдобар ЕУ фото проект“ во рамки на натпреварот „Човек во фокус“, организиран од страна на Делегацијата на ЕУ во Србија во соработка со „National Geographic Serbia“.
Фотографијата била доставена од проект наречен „Зголемено учество на стари жени во јавниот и политички живот“, имплементиран од Здружението за граѓанско пријателство во соработка со организацијата „FemPlatz“. Даница вели: „Толку сум среќна за сликата што немам зборови. Со успехот и пофалбата доаѓа уште поголема радост, но и поголема одговорност. Сево ова инспирира и е, истовремено, поттик за да се продолжи со работа.“
Овој проект е финансиран преку проектот од поголем обем насловен „Приоритетна акција за родова еднаквост“ – имплементиран во соработка со Делегацијата на ОН и ЕУ во Србија, имајќи за цел да ги зајакне административните капацитети за родова еднаквост и да мотивира напредок во имплементацијата на националните и заложбите на ЕУ за родова еднаквост преку родова интеграција.
Photo credits: EU Delegation Serbia
This is an adaptation of an article published by the Delegation of the European Union to Serbia. Read the original article.

Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!