Прстенување на промените | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Прстенување на промените

Како црногорските деца помагаат за заштита на биодиверзитетот преку птичјо прстенување.

SCROLL DOWN

Птичјото прстенување или научно прстенување на птиците е важен начин за прибирање информации за миграциските патишта на птичјите видови; нивните места за починка, за зимување и брзина на миграција. На овој начин, се евидентираат движењата на птиците и нивниот животен историјат; од должина на живот, причини за смрт и преданост кон нивните родни места, па сè до места за гнездење и размножување. Мноштвото собрани информации помага да се изгради профил на секоја популација, овозможувајќи увид во тоа дали одреден вид се бори за опстанок или просперира; сè на сè – неопходни информации за заштита на птичјите популации и биодиверзитет.

 

Центарот за заштита и истражување на птици (The Centre for Bird Protection and Research (CZIP)), црногорска невладина организација, верува дека оваа научна активност може да биде особено забавна и одлучија во неа да ја инволвираат општата јавност; вклучително и децата. „Заклучивме дека многумина од граѓаните во Црна Гора мислат дека науката е нешто прекомплицирано, дека не можат да дојдат до информации…Па, затоа, одлучивме да ги инволвираме и да им го докажеме спротивното!“,  вели Невена Петровиќ од „CZIP“.

Птичјото прстенување ни помага да ги разбереме миграциските видови

Птичјото прстенување подразбира фаќање на птиците со помош на специјална мрежа, прикачување метален прстен на една од нозете и, во најдобар случај, забележување на птичјиот вид, возраст, пол, должина на крилата и состојба; што е особено значајно за одредување на видовите како и за подобро разбирање на нивната подготвеност дали да продолжат со миграцијата. Прстените содржат врежан референтен код кој овозможува секоја птица да биде посебно идентификувана доколку биде повторно фатена.

„Секогаш велиме дека нашите станици за птичјо прстенување се места каде што птиците можат да добијат бесплатен црногорски пасош, без стрес или барање за виза. Сакаме да направиме да се чувствуваат сигурно и да им обезбедиме соодветна заштита,“ низ смеа раскажува Невена. Таа објаснува дека најважната цел на птичјото прстенување е заштита на живеалиштата на птиците. Кога „CZIP“ има информации за миграциите, нивните научници можат да одредат каде птиците почиваат, јадат или се вгнездуваат; преземајќи неопходни акции за лобирање за заштита на нивните живеалишта.

„Сакавме науката да ја направиме достапна за граѓаните така што секој би можел да учествува, да придонесе и, истовремено, да научи нешто ново.“

Невена Петковиќ, референт за образование, Центар за заштита и истражување на птиците

Доближувајќи ја науката до децата

Досега, проектот инволвирал стотици ученици и возрасни ширум Црна Гора во активностите за птичјо прстенување. „Преку овој проект се обидуваме да се фокусираме, главно, на младите и во голема мера работиме со ученици, бидејќи во училиштата во Црна Гора има недостаток на еколошки презентации и децата не добиваат доволно образование на овие теми; па, затоа, се трудиме да имаме колку е можно повеќе работилници,“ вели Невена. „Сакавме науката да ја направиме достапна за граѓаните така што секој би можел да учествува, да придонесе и, истовремено, да научи нешто ново.“

„Поддршката на ЕУ е неопходна за овој проект затоа што без нејзините фондови не би можеле да ја добиеме потребната опрема, да ангажираме лиценцирани лица за птичјо прстенување, ниту, пак, да овозможиме транспорт и сместување за стотици деца и други граѓани кои учествуваа во активностите за птичјо прстенување. “

Невена Петковиќ, референт за образование, Центар за заштита и истражување на птиците

Активностите за птичјо прстенување на „CZIP“ кои ја инволвираат јавноста се имплементираат како дел од проектот „BIOVAL“  (Вредности за биодиверзитет); финансиран од ЕУ. Инволвирањето граѓани во активностите за птичјо прстенување подразбира и дополнителни трошоци; како, на пример, за транспорт. Невена објаснува: „Поддршката на ЕУ е неопходна за овој проект затоа што без нејзините фондови не би можеле да ја добиеме потребната опрема, да ангажираме лиценцирани лица за птичјо прстенување, ниту, пак, да овозможиме транспорт и сместување за стотици деца и други граѓани кои учествуваа во активностите за птичјо прстенување. “

Дополнителна проектна активност на „BIOVAL“ е „Bubo Night“ кој овозможува собирање податоци за големиот ушест був („Бубо бубо“); користејќи методологија која вклучува ноќна посета на однапред избрани локации, слушање на звуците кои ги прави бувот и забележување на клучните податоци во посебен формат. Невена вели: „Се надеваме дека ќе продолжиме со слични проекти и активности. Овој проект веќе имаше позитивно влијание врз подигнување на свеста на граѓаните; особено децата, за заштита на животната средина и живеалиштата на птиците.“

За проектот

Целите на проектот „BIOVAL“  (Вредности за биодиверзитет), финансиран од ЕУ, се подигнување на свеста на граѓаните за заштита на природата, поддршка за контрола на биодиверзитетот и промена на однесувањето на граѓаните; вклучувајќи ги децата и нивните наставници.

Главните активности вклучуваат развој и дистрибуција на едукативен и промотивен материјал; настани како, на пример, изложби, теренски патувања, расчистување, садење и други; организирање школски работилници, училишта на отворено, кампови за млади истражувачи, натпревари и квизови за биодиверзитет. За овој проект, ЕУ обезбеди поддршка во вредност од преку 80000 евра. Целосното траење на проектот е 18 месеци.

Photo credits: CZIP,Otto Szekeres, EU info centre Montenegro

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.