Промовирање зелен начин на живот во Косово | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Промовирање зелен начин на живот во Косово

„Нека биде зелено“ („Keep It Green“) е волонтерска мрежа која работи на подигнување на свеста за индустриско загадување и други еколошки проблеми во индустрискиот град Обилиќ.

SCROLL DOWN

На десет минути возење со автомобил од главниот град – Приштина, малечкото гратче Обилиќ е центар на рудната индустрија во Косово. Со околу 6800 жители, Обилиќ е дом на три рудници и две електрани кои го произведуваат поголемиот дел од електричното снабдување на Косово.

Ова е регион кој зависи од вработувањето во електраните; околу 5000 луѓе од Обилиќ и соседните села работат во таа индустрија. Неизбежно, рудните и индустриски активности создале и длабока еколошка штета.

„Седевме пиејќи кафе и кога почнавме да зборуваме за [еколошките] проблеми со кои се соочува нашата заедница, сфативме дека мораме да преземеме нешто.“

Гуџим Клинаку, директор, „Keep It Green“

„Keep it Green“ е младинска организација која работи на подигнување на свеста за еколошки проблеми во Обилиќ и нивните ефекти врз населението.

„Околу 30% од луѓето во Обилиќ патат од дишни заболувања,“ Гуџим Клинаку, директор на „Keep it Green“ сведочи за Европскиот фонд за демократија.

Тој објаснува како „Keep it Green“ биле инспирирани од разговор во кафуле во 2015 година. Како што Клинаку се присеќава: „Седевме пиејќи кафе и кога почнавме да зборуваме за [еколошките] проблеми со кои се соочува нашата заедница, сфативме дека мораме да преземеме нешто.“

Охрабрување за граѓаните да ја заштитат својата животна средина

Шест години подоцна, „Keep it Green“ е мрежа од околу 60-мина кои се фокусираат на проекти за заедницата, охрабрувајќи ги локалните жители да бидат позаинтересирани за зачувувањето на животната средина. Последните неколку години не биле без предизвици, особено земајќи ја предвид тешката економска состојба со која се соочуваат луѓето во овој индустриски регион.

„Тешко е да ги натерате луѓето да се грижат за животната средина кога едвај заработуваат за живот,“ признава Клинаку.

Во „Keep It Green“ се свесни за оваа реалност, но, сепак, продолжуваат да се залагаат за позелена енергија во Обилиќ. Пред периодот на Ковид-19, организирале неделни протести пред електраната за да ги натераат да го применат Законот за животна средина во Обилиќ. Исто така, организирале и бројни акции за подобрување на градот.

Неодамна, волонтерите исчистиле парк и го декорирале со улична уметност за да го направат попријатно место за локалните жители. Исто така, се и на чело на годинешниот „Green Art Fest“ – градски фестивал за подигнување свест за еколошки проблеми. Уште од 2016 година, организацијата работи и со локалните училишта; спроведувајќи работилници под насловот „Намали, реупотреби, рециклирај“ и учејќи ги учениците како да ги намалат отпадоците.

„Keep It Green“ се, исто така, активни и преку организирање летни кампови, на тема еколошки проблеми, за млади. Главната цел на овие кампови е да се израсне нова генерација млади лидери за еколошки активизам во Косово.

Справување со Ковид-19

Како и други слични организации, „Keep It Green“ смислиле креативни начини за да се адаптираат на пандемијата Ковид-19. Иако работилниците „Намали, реупотреби, рециклирај“ биле подеднакво успешни и во форма на вебинар; морале да го откажат изданието за 2020 година на фестивалот „Green Art Fest“. Ова лето, планираат да го организираат нивниот препознатлив камп за еколошки активизам кој инволвира 20 учесника во тридневен тренинг за подигнување на свеста за еколошки проблеми.

„Ова финансирање пристига во важен момент за нас. Животната средина денес е навистина популарна тема и се надевам дека „зелениот бран“ наскоро ќе пристигне и тука.“

Гуџим Клинаку, директор, „Keep It Green“

Поддршката од Европскиот фонд за демократија им овозможува во „Keep it Green“ да преминат од операција заснована на волонтерство; која се одржува преку ентузијазам, во постабилна организација со постојан персонал. Исто така, овозможува нивните активности, како, на пример, кампот за подигнување свест, да станат постојани активности; овозможувајќи стратешко планирање и развој.

„Ова финансирање пристига во важен момент за нас. Животната средина денес е навистина популарна тема ширум светот и сè повеќе луѓе се инволвираат. Иако, засега, во Косово нештата се помалку развиени, се надевам дека „зелениот бран“ наскоро ќе пристигне и тука,“ вели Клинаку.

За Европскиот фонд за демократија

Европскиот фонд за демократија (ЕФД) е независна организација која нуди грантови, основана во 2013 година од страна на Европската Унија (ЕУ) и земјите членки на ЕУ кои се залагаат за демократија во европското соседство, Западен Балкан, Турција и пошироко. ЕФД ги поддржува организациите на граѓанското општество, про-демократските движења, граѓанските и политички активисти, како и независните медиумски платформи и новинари кои се стремат кон плуралистички и демократски политички систем.

Ова е скратена верзија од статијата објавена од страна на Европскиот фонд за демократија.

Photo credits: Keep it green, European Endowment for Democracy

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.