Надвор и онлајн | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Надвор и онлајн

Со поддршка на ЕУ, предводничка ЛГБТИ организација маршира во одбрана на заедницата во Косово.

SCROLL DOWN

Како би ги карактеризирале членовите на ЛГБТИ (лезбијка, геј, бисексуалец, трансродова, и интерсеклсуална личност) заедницата? Одговорите на просечен Косовар вклучуваат: екстравагантни, знаме на виножитото и Парада на гордоста. Ваквите стереотипи се, главно, резултат на ограничените информации во масовните медиуми, комбинирани со традиционалните ограничувања кои го забавуваат процесот на отворање на општеството. Но, за косовската ЛГБТИ заедница може да се каже многу повеќе отколку Парада на гордоста и не сè е така шарено како што изгледа на сликите.

„Ја организираме Парадата на гордоста за да ја подигнеме свеста за правата на ЛГБТИ заедницата, но и за да го дигнеме гласот поради загриженоста за кршењето на овие права. Всушност, се работи за протестен марш,“ вели Арбер Нухиу од „CSGD“ – „Center for Social Group Development“ (Центар за развој на социјалните групи).

Организацијата е еден од најважните органи на граѓанското општество кој работи за подобрување на позицијата на заедницата и е клучниот организатор на сите настани кои се случуваат во склоп на Парадата на гордоста. Последните години, насловот на настанот беше истополовиот брак; законско право кое е одбиено од косовските институции иако е загарантирано со Уставот. „CSGD“ и другите ЛГБТИ и организации за човекови права со години лобираат за оваа одредба да биде вклучена во Граѓанскиот законик, но, досега, нивните повици се игнорирани.

„Ја организираме Парадата на гордоста за да ја подигнеме свеста за правата на ЛГБТИ заедницата, но и за да го дигнеме гласот поради загриженоста за кршењето на овие права. Всушност, се работи за протестен марш.“

Арбер Нухиу, „CSGD“

„Нашиот пристап е систематичен во постигнувањето на нашата цел. Знаеме што сакаме и знаеме како да постапиме,“ вели Нухиу, осврнувајќи се кон работата за застапување на заедницата. Исто така, ѝ дава заслуга на ЕУ која била тука за нив која најмногу имале потреба. „CSGD“ примиле операциски грант од ЕУ за зајакнување на капацитетите на организацијата, овозможувајќи им подобро да ѝ служат на заедницата.

Неодамна, ЛГБТИ заедницата во Косово го прослави своето прво достигнување кога успеаја да ја вклучат одредбата за проширување на законската заштита на ЛГБТИ луѓето во новиот Кривичен законик. Ова беше директен успех на стратешко застапување. Меѓутоа, сè уште има постојана борба за имплементација на законската рамка. Случаите на злосторства поттикнати од омраза против ЛГБТИ индивидуи не се истражуваат соодветно и не се носат пред суд. Заедницата верува дека следното подобрување треба да заземе место меѓу државните органи кои тужат, истражуваат и донесуваат одлуки. Поради тоа, ЛГБТИ заедниците се, исто така, активни во обуките за подобри практики на полицијата, обвинителите и судиите.

Носење на услуги до местото на проблемот

Искуството на „CSGD“ се протега преку две децении посветени на интеракција и поддршка за заедницата. Нивното искуство покажува дека постојат две реалности поврзани со ЛГБТИ заедницата во Косово: една е животот во престолнината – Приштина, а другата е во остатокот на државата каде што ситуацијата е прилично сива. Главниот град е местото каде ЛГБТИ луѓето добиваат одредена слобода, но пандемијата со Коронавирус, од најразлични причини; како, на пример испрекинато образование и губење на работа, ги натерала да се вратат дома.

„Најголемиот страв на ЛГБТИ луѓето е стравот од неприфаќање, главно, од страна на семејството. Не можеме ни да го замислиме притисокот со кој тие се соочуваат во своите домови. Секој ден. Потоа, следува стравот од неприфаќање од страна на општеството.“

Арбер Нухиу, „CSGD“

„Најголемиот страв на ЛГБТИ луѓето е стравот од неприфаќање, главно, од страна на семејството. Не можеме ни да го замислиме притисокот со кој тие се соочуваат во своите домови. Секој ден. Потоа, следува стравот од неприфаќање од страна на општеството,“ вели Нухиу.

Како последица, од почетокот на пандемијата има пораст на бројот луѓе кои бараат советодавна поддршка, како и на бројот на случаи на насилство. Одговорот на „CSGD“ веќе бил развиен: онлајн платформа која нуди професионална и бесплатна советодавна и правна поддршка за секој. Платформата е последното во низата постигнувања на „CSGD“ кое води кон еманципирање на заедницата. Сега, организацијата е достапна и во дигитална форма за секој ЛГБТИ Косовар кој има потреба од неа, без разлика каде живее.

За програмата

Европската Унија ја основа организацијата „Центар за развој на социјални групи“ и нејзините клучни активности во рамки на Националниот механизам за граѓанско општество 2015. Целта на оперативниот грант беше да се зголемат активностите за застапување, профилирање, вмрежување и градење коалиции. Глобалната цел беше овозможување и поттикнување на партиципативна демократија во Косово и тоа преку креирање на средина која промовира партнерство и дијалог помеѓу граѓанското општество и јавните институции, како и преку зголемување на капацитетот на организациите на граѓанско општество за да бидат ефективни и одговорни независни чинители.

Photo credits: CSGD, EU Office in Kosovo

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.