Нови кариерни аспирации креирани во Констанц,Германија | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Нови кариерни аспирации креирани во Констанц,Германија

Српски студент по политички науки искусил нов начин на учење за време на своите постдипломски студии во Германија со поддршка на Еразмус+.

SCROLL DOWN

Горан Траилов верува дека корупцијата е еден од најважните предизвици коишто Србија треба да ги надмине. Затоа избрал да студира политички науки, а, подоцна, како тема на својата магистерска теза го избрал владеењето на правото и корупцијата. “ Оваа проблематика бара итно внимание, а јас работам на неа од моите рани студентски денови. Ова е сериозен проблем низ Западен Балкан“, вели тој.

Горан ги завршил своите постдипломски студии на универзитетот во Констанц, Германија, каде што неговата теза го третирала владеењето на правото во Западен Балкан и тоа во контекст на теоријата за европеизација. Како земји за истражување ги избрал Србија и Црна Гора, а како прецизна тема за истражување ја избрал корупцијата. Еден од заклучоците на неговата теза е дека, во оваа насока, навистина постои надеж за Србија. Горан објаснува дека бројот на случаи поврзани со корупција во судовите расте, но, сè уште, преостанува работа која треба да се исполни за достигнување на стандардите на ЕУ.

“Замислете си 1000 луѓе од секаде низ светот сместени во еден мал град каде што имаш можност да ги запознаеш. Во големите градови како Берлин не може на ваков начин да се искуси културната разноликост. Беше прекрасно.“

Горан Траилов, студент

Скоро изгубена прилика

Откако ги завршил додипломските студии, Горан се запишал на постдипломски студии на универзитетот во Белград. На крајот од првата година, одлучил, со поддршка на програмата Еразмус+, да ги продолжи своите постдипломски студии во странство. Бил слушнал за програмата Еразмус+ уште за време на додипломските студии, но, тогаш, доцна се пријавил и не успеал. “ На крајот од првата година од постдипломските студии, еден асистент кој е, всушност, Еразмус+ координатор на мојот универзитет, ме советува да се пријавам“, вели Горан.

Горан бил примен на универзитетот во Констанц, Германија. “ На почетокот, бев исплашен. Сиот мој дотогашен живот го бев поминал во Белград и за првпат требаше да се преселам во потполно нова средина: малечко гратче во Германија“, вели Горан.

Но, неговите стравови исчезнале во моментот кога пристигнал таму. Констанц е историски универзитетски град со, приближно, 80000 жители и прекрасен пејзаж, на брегот на Боденското Езеро. Градот е дом на 10000 студенти од кои 1000 меѓународни. Ова е еден од квалитетите кои уште на почетокот го импресионирале Горан. “ Замислете си 1000 луѓе од секаде низ светот сместени во еден мал град каде што имаш прилика да ги запознаеш. Во големите градови како Берлин не може на ваков начин да се искуси културната разноликост. Беше прекрасно“, вели Горан.

“Професорите во Констанц повеќе слушаа што сакавме да кажеме и беа отворени за учење од студентите.“

Горан Траилов, студент

Горан бил, исто така, импресиониран од образовниот квалитет. Бил воодушевен од широкиот избор предавања на кои можел да присуствува. Како што објаснува, некои предавања се повторуваат низ годините, но повеќето се менуваат и, на почетокот на секој семестар, има каталог на предавања од кои студентот може да избира.  “Ова беше супер. Со новите предавања, имавме можност да следиме што се случува во светот. Оттука, не би сакал да речам “ пософистициран“, но тоа би требало да биде зборот за да се спореди универзитетот во Констанц со тој во Белград“, вели Горан.

Дополнителен квалитет кој Горан го потенцира е пристапот на професорите и интерактивноста на предавањата. “Професорите во Констанц повеќе слушаа што сакавме да кажеме и беа отворени за учење од студентите. Ова не е случајот со многумина професори на универзитетот во Белград.“ Исто така, ги цени и бројните прилики во кои професорите излегувале надвор од програмата, поканувајќи гости од институциите на ЕУ за да ги споделат нивните искуства. “ Се сеќавам дека, еднаш, го имавме на гости шефот на една агенција на ЕУ која оперира во Африка. Ни објасни како екипата работела таму и кои предизвици морале да ги надминат. Беше забавно“, вели тој.

Целење кон интеграција во ЕУ

Сега, откако дипломирал, Горан планира да се пријави за тренинг во институциите на ЕУ во Брисел. Потоа, неговата цел е работа во Министерството за интеграција во ЕУ или некоја друга организација во Србија, поврзана со ЕУ, бидејќи сака да работи на интеграцијата на својата земја во ЕУ. Објаснува дека, во Западен Балкан, а и насекаде, постои потреба од повеќе професионално обучени политичари. “ Денес, го работиш тоа што го студираш. На времето, било можно да студираш физика и да станеш канцелар на Германија. Не верувам дека веќе ќе биде така“, вели тој.

 

 

 

Photo credits: Goran Trailov

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.