Зелена транзиција на Црна Гора | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Зелена транзиција на Црна Гора

Пакетот за енергетска поддршка на ЕУ ја поттикнува одржливоста и економскиот раст во Црна Гора.

SCROLL DOWN

Пакетот на енергетска директна буџетска поддршка на ЕУ за Црна Гора, вреден 30 милиони евра, официјално беше промовиран на церемонија во Подгорица во март оваа година. Овие средства се користат за да им се помогне на најранливите групи во Црна Гора да се справат со повисоките трошоци за живот предизвикани од руската агресивна војна против Украина, но и да се олесни транзицијата на земјата кон зелена енергија. Како дел од регионалниот пакет од една милијарда евра наменет за поддршка на нашите партнери од Западен Балкан во справувањето со енергетската ситуација и високите цени предизвикани од руската агресивна војна против Украина, Црна Гора доби брзи 27 милиони евра, додека вкупната вредност на пакетот директнабуџетска поддршка за Црна Гора изнесува 30 милиони евра. Исплатата на овие средства вклучува директен паричен надоместок на сметките за електрична енергија за семејствата кои примаат социјална помош и како единствен начин да се обезбеди долгорочна одржливост снабдување со енергија-инвестирање во обновливи извори и зголемување на енергетската ефикасност.

“Моментално реновираме три училишта изградени во 1960-тите. Според нашите првични проценки овие училишта ќе постигнат заштеда на енергија до 50%“.

Ѓорѓина Ловриќ, Министерство за енергетика и рударство на Црна Гора

Покрај директната буџетска поддршка, пакетот за енергетска поддршка на ЕУ вклучува и втор дел, кој се состои од грантови за унапредување на енергетската транзиција, ефикасност и независност на Западен Балкан, на краток и среден рок. Една од иницијативите во Црна Гора која вклучува поддршка од Вториот дел од енергетскиот пакет е проектот „Промоција на енергетска ефикасност во јавни згради – позеленување на јавната инфраструктура во Црна Гора“ во административниот, социјалниот и образовниот сектор, кој го спроведува Министерството за капитални инвестиции на Црна Гора. Целта е да се подобри енергетската ефикасност во избрани јавни згради, што ќе придонесе за намалување на емисиите на стакленички гасови и постигнување на Наменскиот национално определен придонес (INDC). Дополнително, треба да се користи обновлива енергија (на пример, сончева енергија или биоенергија), каде што е можно. Проектот се спроведува како дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP).

Фокус на проектот се јавни згради кои главно биле изградени во периодот помеѓу 1930-тите и 1980-тите и кои се дотрајани. Хроничните проблеми се: застарени системи за греење со ниска ефикасност, покриви со лошаизолација кои протекуваат, истрошени едностаклени прозорци и топлински мостови – што доведува до мувла и многу други дефекти. Потрошувачката на енергија е соодветно висока, погордноста за користење (клима во затворен простор, удобност) е строго ограничена, а многу згради речиси го достигнаа крајот на својот корисен економски и технички век. По спроведувањето на структурните мерки и мерките за енергетска ефикасност, условите за користење ќе се подобрат и значително ќе се намалат оперативните трошоци. Високата видливост на инвестициите во јавниот сектор, исто така, ќе послужи како пример за приватните домаќинства и приватниот сектор. Проектот ќе опфати приближно 20 згради (училишта, еден студентски дом, еден дом за стари лица и една административна зграда).

Надзор на проектот е Ѓорѓина Ловриќ, која е на позиција менаџер на проектот во име на Министерството за енергетика и рударство на Црна Гора. Таа го нагласува длабокото значење на проектот за јавните згради во Црна Гора. „Моментално реновираме три училишта изградени во 1960-тите. Според нашите првични проценки овие училишта ќе постигнат заштеда на енергија до 50%“, вели Ѓорѓина. Таа понатаму нагласува дека, освен економските придобивки, интервенциите на проектот ќе имаат клучна улога и во намалувањето на емисиите на CO2, а со тоа ќе придонесат за зачувување на животната средина и за подобрување на целокупното ниво на удобност на учениците и наставниците во овие образовни институции.

“Училиштата работат со фиксен годишен буџет, а покрај различните поволности, тие исто така, ќе имаат можност финансискиот вишок остварен преку заштедата на енергија да го распределат за други намени. Тоа би можело да вклучи набавка на нова опрема, компјутери и други ресурси со цел подигнување на образовните стандарди во овие институции“.

Ѓорѓина Ловриќ, Министерство за енергетика и рударство на Црна Гора

Со зголемување на енергетската ефикасност на јавните згради, овие инвестиции се во согласност сообврските предвидени со Законот за ефикасно користење на енергијата на Црна Гора – моделиран според директивите на ЕУ. Оваа иницијатива ќе резултира со намалување на емисиите на стакленички гасови, со штоќе придонесе за постигнување на предодредените цели на нацијата за зачувување на животната средина. Понатаму, овие инвестиции ќе играат важна улога во зачувувањето и создавањето работни места во домашниот градежен и консултантски сектор.

Г-ѓа Ѓорѓина Ловриќ детално објаснува за широко распространетото признание и очигледните предности што ги нуди проектот за училиштата и другите институции. „Училиштата работат со фиксен годишен буџет, а покрај различните поволности, тие исто така, ќе имаат можност финансискиот вишок остварен преку заштедата на енергија да го распределат за други намени. Тоа би можело да вклучи набавка на нова опрема, компјутери и други ресурси со цел подигнување на образовните стандарди во овие институции“, нагласува Ѓорѓина.

За проектот

Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP) е основана во 2013 година, од страна на EBRD, заедно со Европската комисија, Секретаријатот на Енергетската заедница, WBIF и билатерални донатори. Програмата ја комбинира поддршката на политиките со заеми, техничка помош и субвенции за поддршка на инвестициите во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во јавниот и приватниот сектор во Западен Балкан. EBRD и KfW ја имплементираат програмата, која работи и директно и преку посредници и е инвестициски предводник на Економскиот – инвестициски план. Од своето основање, интегрираниот пакет понуден преку REEP достигна 1.000 мали и средни претпријатија, над 12.700 домаќинства и 290 јавни згради низ 700 градови и населени места. Поврзаните инвестиции се претвораат во заштеда на енергија од 842.000 MWh/годишно, спречени емисии од 540.000 tCO2/годишно и инсталиран капацитет за обновлива енергија од 120 MW. До крајот на 2021 година, REEP мобилизираше 630 милиони евра вкупни инвестиции, со 78,8 милиони евра од грант од ЕУ. Во 2022 година, REEP доби надополнување од 102 милиони евра во дополнителен грант од ЕУ преку Energy Support Package.

Photo credits: WBIF

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.