Јапонските јаболка стануваат „наше овошје“ во Црна Гора | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Јапонските јаболка стануваат „наше овошје“ во Црна Гора

29 Апр 2021

Црна Гора е нето увозник на земјоделски и прехранбени производи. Иако трговскиот дефицит се намалил во текот на последните неколку години, истражувањето од Институтот за перспективни технолошки студии, финансиран од ЕУ, покажува дека одреден број елементи сè уште имаат влијание врз ваквата ситуација. Тука се вклучуваат фрагментираните фарми, нискиот волумен на примарно производство, неразвиениот сектор за преработка и ниската стапка на применување на модерни производствени технологии.

Потенцијалот за раст на земјоделскиот пазар бил забележан од „Велетекс“ – црногорска компанија која работи веќе 30 години и е вклучена во прехранбена дистрибуција и малопродажба на производи за хортикултура. Градинарските центри „Калиа“, во сопственост на компанијата, вработуваат преку 40 агрономи.

„Ниту една друга компанија или институција во Црна Гора не вработува толку многу експерти за агрикултура. „Калиа“ е, исто така, извор на снабдување со суровини за земјоделско производство, што беше од помош“

Милош Голубовиќ, генерален менаџер на „Велетекс“

Потенцијал за раст

Милош Голубовиќ е генерален менаџер на „Велетекс“. Објаснува дека примарното земјоделско производство било добар избор за нивниот бизнис. Секторот на дистрибуција, кој е најстариот сектор во компанијата, се занимава со дистрибуција на храна, вклучително овошје и зеленчук, така што компанијата има деловни партнери и контакти за продажба на земјоделски производи. „Ниту една друга компанија или институција во Црна Гора не вработува толку многу експерти за агрикултура. „Калиа“ е, исто така, извор на снабдување со суровини за земјоделско производство, што беше од помош.“

Притоа, „Велетекс“ основал нова компанија – „Наше овошје“ и купиле преку 44 хектари земјоделско земјиште од поранешна фарма во државна сопственост сместена во околината Никшиќ.

Помош за започнување

Милош објаснува дека работата со модерни технологии во доменот на одгледување овошје бара голем терен затоа што е неопходна особено скапа инфраструктура – без разлика дали поседувате 1 или 40 хектари земја. „Станува збор за централниот систем за иригација.“

Инвестирањето во ваков вид технологија е особено значаен предизвик; дури и за докажана компанија како што е „Велетекс“. Од таа причина, во „Наше овошје“, одлучиле да се пријават за поддршка од програмата на ЕУ – „Инструмент за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД)“, која се фокусира на рурални средини и земјоделско-прехранбени сектори во земјите кои се во процес на приклучување кон ЕУ. Преку ИПАРД, им била овозможена поддршка за поставување и развивање на нивните овоштарници со јаболка, како и инвестирање во заштитна мрежа. Сега, со последниот повик за предлози, потпишале договор за грант кој ќе овозможи изградба на објект за преработка и складирање на овошјето. „Со 2500 квадратни метри, објектот ќе биде еден од најголемите во Црна Гора,“ вели Милош.

„Планот за понатамошен развој е насочен кон сортата Црвен делишес (Red Delicious), но на четири хектари ќе има и нова сорта – Јапонско Фуџи; кое е, исто така, црвено јаболко: голем плод, нешто сосема ново за Црна Гора.“

Милош Голубовиќ, генерален менаџер на „Велетекс“

Дополнително, потпишале договор за грант за примарно производство со изградба на интензивен повеќегодишен овоштарник со јаболка. Инвестицијата вклучува купување на семиња и трактор.

Јаболката се централното овошје на кое работи компанијата и тоа поради климатските услови на долината Жупа кои се најпогодни за одгледување јаболка. Моментално, компанијата одгледува сорти на црвени јаболка. „Планот за понатамошен развој е насочен кон сортата Црвен делишес (Red Delicious), но на четири хектари ќе има и нова сорта – Јапонско Фуџи; кое е, исто така, црвено јаболко: голем плод, нешто сосема ново за Црна Гора,“ вели Милош.

За програмата

Дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), дизајниран да ги поддржи реформите во земјите во процес на пристап кон ЕУ, Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД), се фокусира на руралните средини и земјоделско-прехранбените сектори на овие држави. Со оваа алатка, ЕУ на корисниците им обезбедува финансиска и техничка помош со цел нивниот земјоделски сектор и рурални средини да бидат поодржливи и хармонизирани со заедничката земјоделска политика на ЕУ.

 

Дознај повеќе

Photo credits: Naše Voće

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.