Велосипедизам низ историјата | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Велосипедизам низ историјата

Проект финансиран од ЕУ го поддржува враќањето во живот на велосипедска и туристичка линија стара еден век во Босна и Херцеговина.

SCROLL DOWN

На крајот од 19-тиот век, Австроунгарското царство започнало изградба на пруга која би ги поврзала главните градови на централна Босна и Херцеговина. Работата започнала во 1981 и за неколку години луѓето од регионот можеле да патуваат со воз.

За поголемиот дел од населението, ова било сосема ново искуство. Патувањето со воз било, исто така, извонредна можност за обиколка затоа што пругата поминувала низ планински кањони, средновековни замоци и прекрасни пејзажи. Линијата била во употреба цели 80 години сè додека властите на социјалистичка Југославија одлучиле, во 1976, да ја исклучат од употреба, затворајќи ги станиците и отстранувајќи ги пругите. Причината била градбата на нови патишта и зголемената употреба на моторни возила.

„Луѓето беа емоционално приврзани за пругата.“

Мирослав Матошевиќ

Оживување

Мирослав Матошевиќ живее во предградието на градот Травник. Неговата куќа е во близина на старата пруга и тој се сеќава како играл на неа и околу напуштената железничка станица како дете. „Луѓето беа емотивно приврзани за пругата. Се сеќавам на приказните за тоа како кога ја затвориле линијата, некои жени католици од регионот со месеци носеле црни марами во знак на жалост. Исто како и за член на семејството,“ вели тој.

Денес, Мирослав е директор на Туристичката организација за кантон Централна Босна. Заедно со колеги и водечка партнерска организација, Агенцијата за развој РЕЗ, презеле иницијатива за оживување на пругата, но со различна цел. Работат на отворање 100 километарска велосипедска патека по должината на пругата и успешно аплицирале за поддршка од ЕУ и проект финансиран од германската влада.

Целта на проектот „Old Rail Trail“ е да ја прошири понудата на туризам на отворено во регионот и да овозможи подолги престои за туристите кои ја посетуваат Централна Босна за време на летото.

Прикажување на регионот

Работата вклучува креирање велосипедска патека по должината на патот на старата пруга, меѓународна промоција на патеката и регионот, и вмрежување на бизнисите кои нудат услуги во систем погоден за велосипедизам. Миро е особено наклонет кон иновативен пристап кон третата компонента која подразбира креирање мобилна апликација за велосипедизам која би ги поврзувала велосипедистите и локалните бизниси – ресторани, хотели и други. Во замена за учеството во апликацијата, бизнисите ќе треба да имплементираат стандарди погодни за велосипедизам како, на пример, вело-паркинг, соблекувални за велосипедисти и попусти за велосипедисти.

„Неверојатно е колку многу луѓе беа среќни и нè пофалија кога им го објавивме започнувањето на проектот.“

Мирослав Матошевиќ

Патеката ќе се протега по истиот пат како и старата пруга и ќе проаѓа низ пет града во кантонот Централна Босна: Бусовача, Доњи Вакуф, Јајце, Травник и Витез. Велосипедистите ќе можат да направат пауза и да ги посетат овие градови и нивното културно наследство како, на пример, средновековниот замок Травник.

„Неверојатно е колку многу луѓе беа среќни и нè пофалија кога им го објавивме започнувањето на проектот. Очигледно, покрај економскиот бенефит, постои и емоционална врска и сеќавање,“ вели Мирослав.

Проектот „Old Rail Trail“ е поддржан од проектот „EU4Business“ на ЕУ и е имплементиран од Регионалната агенција за развој (РЕЗ) и Туристичката организација за кантон Централна Босна, како и „Nesa Sistem d.o.o. Travnik“.

За проектот

Проектот „Old Rail Trail“ е поддржан од проектот „EU4Business“ на ЕУ и е имплементиран од Регионалната агенција за развој (РЕЗ) и Туристичката организација за кантон Централна Босна, како и „Nesa Sistem d.o.o. Travnik“.

„EU4Business“ цели кон стимулирање на развојот на претприемништво, секторите ориентирани кон извоз, туризам и земјоделство во Босна и Херцеговина. Целосниот буџет за финансирање на програмата „EU4Business“ изнесува 16 милиони евра и е заеднички финансиран од ЕУ (15 милиони евра) и Федерална Република Германија (1,1 милион евра). Проектот е заеднички имплементиран од GIZ, ILO и UNDP, а се предвидува да заврши во март 2022.

Photo credits:Central Bosnia Canton Tourist Association, Jajce Online, Wikipedia.

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.