Зближување и заедничко дегустирање во Призрен, Косово | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Зближување и заедничко дегустирање во Призрен, Косово

Група косовски организации воведуваат иновативни начини за претставување на културното наследство и современи искуства за доживување и уживање.

SCROLL DOWN

Призрен се смета за културна престолнина на Косово поради својата историја и изобилно културно наследство. Градот има и богато гастрономско наследство; вклучувајќи „leqenik“ или проја, локално сирење, и јадења со месо како, на пример, „tavë“ и сарма.

Но, овие вкусни специјалитети не се достапни за повеќето посетители. Тие се составен дел од домашните менија на призренските семејства ама ретко се наоѓаат во рестораните.

Група граѓански здруженија презела иницијатива да ги претстави вкусните и скриени гастрономски богатства на посетители кои немаат пријатели во Призрен. Идејата е мошне едноставна: онлајн апликација предлага палета традиционални специјалитети и домаќинства во кои истите можат да се вкусат за возврат на одредена тарифа. На овој начин, покрај дегустирањето традиционална храна, посетителот би можел да го засведочи и традиционалниот семеен живот, како и да ужива во внатрешниот декор на призренските историски куќи.

„Идејата на центарот е собирање на организации од различни сектори активни во доменот на културното наследство, креирајќи, на тој начин, синергии“

Еремира Красниќи

Ова е само еден од проектите кои наскоро треба да се реализираат од страна на група организации коишто се дел од центар за косоздавачко наследство. Центарот бил инициран од проектот ILUCIDARE, финансиран од ЕУ, со цел спојување на локалните културни организации и олеснување на трансферот на знаења, експериментирање и меѓусекторска соработка. Проектот има за цел, исто така, да влијае врз економскиот и социјален развој на градот преку акцентирање на неговиот културен и уметнички потенцијал.

Ермире Красниќи е извршна директорка на Oral History Kosovo, еден од членовите на центарот. „Идејата на центарот е собирање на организации од различни сектори активни во доменот на културното наследство, креирајќи, на тој начин, синергии“, објаснува таа

Правејќи го невидливото наследство видливо

 Призрен поседува извонредни архитектонски скапоцености, а неговото наследство е сведок за различните културни влијанија и традиции. Меѓутоа, градот поседува, исто така, и богато невидливо наследство – особено во доменот на рачни изработки (со посебен осврт на везовите за чеиз, ткаенини и филиграни), музика и гастрономија.

„Навикнати сме да го гледаме Призрен како место со стари џамии и цркви, но имаме многу малку насоки за уживање во други нешта како, на пример, храната или филигранот. Нашата замисла е да им овозможиме на луѓето подобро разбирање на културното наследство и тоа не само како нешто од минатото, туку и како дел од современиот живот кој може да се допре, вкуси, искуси и во којшто може да се ужива“, вели Ермире.

Ермире исто така објаснува дека една од целите на центарот за наследство е да го претстави овој вид на локален моментум. „Доколку постои идеја или некаква можност, можеме да ги поддржиме и развиеме, користејќи го центарот како еден вид лабораторија каде што доаѓаат идеи, а потоа се тестираат и развиваат со нашата соработка и професионална помош. Крајната визија е да се засили гласот на организациите за културно наследство, да се зголеми нашето присуство и волуменот на проекти во доменот на културното наследство“, вели таа.

 

„Во постојан дијалог сме; заеднички создаваме идеи и сметам дека тоа е важно.“

Азил Вандесанде

Промовирање меѓународна соработка за културно наследство ширум светот

Невладината организација Културно наследство без граници е проектниот партнер во Западен Балкан. Покрај иновациите за културно наследство кои доаѓаат од нивниот центар, нивниот проект поседува иницијатива фокусирана на меѓународна соработка за културно наследство. Конкретно, ги мапираат и снимаат традиционалните камени куќи или „kullas“ во Албанија, Косово и Црна Гора, подготвувајќи, на тој начин, предлог за истите да бидат додадени на листата за културно наследство на УНЕСКО.

Др. Азилиз Вандсанд е постдокторски истражувач на Raymond Lemaire – меѓународен центар за конзервација на Католичкиот универзитет во Левен и е технички координатор на проектот. Таа објаснува дека преку развивањето на проектот сакале да создадат нов концепт за меѓународни односи. „Тоа што одлично е совпаѓа е идејата за размена на знаења. Во постојан дијалог сме; заеднички создаваме идеи и сметам дека тоа е важно“, вели таа.

ILUCIDARE е тригодишен проект финансиран во рамки на програмата Хоризон 2020 на ЕУ. Проектот е под водство на универзитетот од Левен (Белгија) и спојува осум меѓународни партнери. Целта на проектот е да промовира иновација и меѓународна соработка во доменот на културното наследство.  Проектот се имплементира ширум четири континенти, со локации кои ги вклучуваат Западна Европа, Западен Балкан, Северна Африка, Супсахарска Африка, Средниот Исток и Јужна Америка. Целта на проектот е долгорочниот исход да резултира со првата глобална мрежа на практиканти кои ќе промовираат иновации во доменот на културното наследство и меѓународни односи ширум светот.

Photo credits: Fitim Shala, Erëmirë Krasniqi, Jeton Jagxhiu

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.