Градови поврзани преку уметност | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Градови поврзани преку уметност

Како еден проект му помага на македонски уметник да се поврзе со колеги од ЕУ и да го промовира своето дело во странство.

SCROLL DOWN

Гоце Илиевски е уметник од Скопје, Северна Македонија, кој работи со современи, традиционални и дигитални уметнички форми. Остварил 12 самостојни изложби, а учествувал и во групни изложби, како дома, така и во странство. Добитник е на бројни награди за неговите масла на платно, акварели и фотографии. Но, неговиот професионален пат е исполнет со предизвици.

Гоце раскажува дека и покрај тоа што отсекогаш ја имал поддршката на своето семејство и пријателите, да се живее и заработува како уметник во Северна Македонија е особено тешко. “Пазарот тука е ограничен, но, за среќа, Интернетот отвора бројни можности. Поголемиот дел од мојот приход доаѓа од странство, како и од онлајн пласман, така што можам да аплицирам за најразлични проекти и да ја промовирам својата работа пред нова публика. Во спротивно, би било навистина тешко да живеам од мојата уметност.“

Уметниците црпат инспирација преку културни размени, а патувањата отвораат нови можности за споделување и претставување на нивната работа. Во оваа насока, Гоце не е исклучок, па, затоа, штом го видел повикот за учество во проектот CreArt, финансиран од ЕУ, веднаш аплицирал. CreArt (Мрежа градови за уметничка креација) е мрежа составена од европски градови, како и од државни и приватни културни институции. Уметниците кои земаат учество во активностите на CreArt се избираат преку отворени повици и добиваат можности за престој, обуки и промоција во градовите-учесници.

“Поголемиот дел од мојот приход доаѓа од странство, како и од онлајн пласман, така што можам да аплицирам за најразлични проекти и да ја промовирам својата работа пред нова публика. Во спротивно, би било навистина тешко да живеам од мојата уметност.“

 

Гоце Илиевски

Инспирација и врски

Апликацијата на Гоце беше успешно примена, а проектот му овозможи да го посети градот Каунас, во Литванија, каде што престојувал цел месец и ги изложувал своите уметнички дела. “Иако времето не беше најпогодно за престој – престудено беше додека бев таму! – луѓето беа љубезни и топли. Ми се допадна, исто така, и пејзажот, а и начинот на кој функционира нивната заедница, како и инфраструктурата.“

Покрај инспирација и културно збогатување, патувањето му овозможи на Гоце да ја надмине својата најголема професионална загриженост: да ги продава своите уметнички дела надвор од родната Северна Македонија.

“Ова беше навистина вредно искуство, па сега имам дополнителни канали и можности да ја пласирам својата уметност преку новостекнатите способности и мрежи.“

Гоце Илиевски

Неговиот студиски престој вклучувал работилници преку кои научил не само за креирање врски помеѓу уметниците и продажните агенти од различни држави, туку и за промоција на здружена уметничка соработка во странство. “Ова беше навистина вредно искуство, па сега имам дополнителни канали и можности да ја пласирам својата уметност преку новостекнатите способности и мрежи“ – вели Гоце, додавајќи дека ова е, можеби,  најголемата придобивка од целото искуство.

Создавање “културно живи“ градови

Координативно тело на мрежата CreArt е шпанската културна фондација – Fundacion Municipal De Cultura – Ayuntamiento De Valladolid. Партнерска институција во Северна Македонија е градот Скопје; кој се приклучи во проектот во втората фаза. Гоце е еден од преку 380 уметници и 65 куратори кои учествувале во активностите на оваа мрежа; основана уште пред 8 години.

Финансирана од програмата Креативна Европа (Creative Europe), мотото на мрежата CreArt е следното: ‘Кога градот е културно жив, тој е, истовремено, поздрав и послободен’. Мрежата направила истражување кое ја докажува вредноста на уметничката креација за локалниот развој, не само преку создавање нови работни места, туку и преку привлекување на инвеститори и придонес за општествена иновација. Проширувајќи ги можностите за културните оператори, оваа платформа за соработки игра клучна улога во креативниот, општествениот и економски развој на градовите ширум Европа.

Photo Credits: Gorjana Jordanovska

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.