Младите европски амбасадори на Форумот Преспа News | WeBalkans

Новости

Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан

23/06/2022

Младите европски амбасадори на Форумот Преспа

Младите европски амбасадори од Северна Македонија учествуваа во годинешното издание на „Преспа форум за дијалог“, организиран од 16. до 18. јуни во Охрид. Нивното учество вклучи и панел-дискусија насловена „Следната генерација на Западен Балкан“. Младата европска амбасадорка, Ирена Шуменковска, елаборираше на прашања кои ги засегаат младите; како, на пример, поголема инклузија во носењето одлуки и борбата за работа и можности.

 

„Преспа форум за дијалог“ е платформа создадена од Владата на Република Северна Македонија со цел да им овозможи на државите, лидерите, организациите и граѓаните да градат долготрајни врски и да ги зајакнат партнерствата. Овогодинешниот настан ги обедини високите претставници од Западен Балкан и останатите држави.

 

Платформата на млади европски амбасадори е креативна мрежа од млади активисти ширум Западен Балкан (Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Младите европски амбасадори доаѓаат од различни средини, но споделуваат заедничка визија: обединет Западен Балкан во различностите. Заедно учат еден за друг и за ЕУ, спроведуваат креативни проекти, стекнуваат нови вештини и се поврзуваат преку социјалните медиуми, организираат инспиративни настани; секогаш водени од идејата дека младинскиот активизам е најголемата моќ за општествена промена.

 

 Целите на мрежата се: споделување на вредностите на ЕУ, подигнување на свеста за соработката на ЕУ со партнерите во Западен Балкан, покажување на видливи резултати од соработката, придонесување за политички дијалог на различни теми и зголемување на општествениот активизам.

Прочитај повеќе  

Извор: Europe House Skopje

Извор на фотографии: Europe House Skopje

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Регистрирај се за да го добиваш нашиот билтен

I have read and understood the terms of the privacy statement.