YEAs во Скопје се приклучија на кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“
YEAs во Скопје се приклучија на кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“
Во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ се одржа креативен настан за млади лица, како дел од кампањата насловена „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“ (“Block the Hatred. Share the Love!”) која се води од ЕУ и Советот на Европа. Целта беше преку настанот да се подигне свеста кај младите за разните форми на говор на омраза и дискриминација насочени кон специфични заедници и поединци, како и промоција на разни начини за спречување на говорот на омраза. Тоа подразбира и ширење на позитивни пораки за прифаќање и почитување на диверзитетот преку креативно изразување во форма на улична уметност и музика.
На настанот беа вклучени Млади европски амбасадори (YEA) од Северна Македонијa, a координаторот на YEA за Северна Македонија – Дона Срдиќ, која е воедно и „No Hate“ амбасадор на кампањата, сподели охрабрувачка порака за поддршка на разнолико општество без говор на омраза и дискриминација.
Оваа иницијатива за подигање на свеста ќе се шири и онлајн преку социјалните медиуми и останати канали, како и преку јавни настани. Во кампањата се вклучени истакнати јавни личности, институции и активисти за човекови права кои промовираат диверзитет и еднаквост во локалните заедници и регионот преку лични приказни, сведоштва и размена на добри практики.
Кампањата е имплементирана во рамките на иницијативата за „Промоција на диверзитет и еднаквост во Северна Македонија“ (Promotion of Diversity and Equality in North Macedonia) која е дел од програмата „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ (Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey 2019-2022) на ЕУ и Советот на Европа.
Автор на фотографија: CoE
Извор: CoE