Дебатниот клуб на Млади европски амбасадори на Светскиот ден на СИДА во Скопје
Дебатниот клуб на Млади европски амбасадори на Светскиот ден на СИДА во Скопје
Во дискусијата зедоа збор амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир, доктори и претставници на граѓанското општество; кои заедно со учесниците споделија релевантни информации за ХИВ/СИДА, дијагностицирање, превенција, третман, студентски активности и проекти за ХИВ/СИДА, општествена работа со ХИВ-позитивни луѓе, нивните предизвици и потреби, како и мерки кои треба да се преземат за да се подобри статусот на луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА.
Светскиот ден на СИДА беше првиот светски ден на здравјето и секоја година, на 1. декември, со почеток од 1988 година, светот се обединува во борба за ставање крај на епидемијата со СИДА. Светскиот ден на СИДА му овозможува на светот не само да оддаде почит на сите оние кои го загубија својот живот поради оваа болест, но и да се подигне свеста за континуираната потреба од превенција и едукација, намалување на стигмата, како и поголемо разбирање за тоа како СИДА-та продолжува да влијае врз јавното здравје ширум светот.