Објавени добитниците на награди на онлајн игра за човекови права во Црна Гора
Објавени добитниците на награди на онлајн игра за човекови права во Црна Гора
По деветдневно натпреварување и започнати 6624 игри, објавени се победниците на онлајн играта „Човековите права во твоја дланка“. Емро Фератовиќ од Плав, Маша Стојановиќ од Цетиње и Матеј Стијовиќ од Беране освоија пакет луксузен промотивен материјал од ЕУ.
Онлајн играта, организирана по повод Меѓународниот ден на човекови права, во соработка со компанијата „Alicorn“, траеше од 1. до 9. декември. Според коментарите, играчите навистина уживале во играта. Секој со освоени 50 или повеќе поени, од вкупно 81, бил квалификуван за награда – пакет луксузни промотивни материјали, потпишани од домашни модни дизајнери и дизајнери на накит. Трите победници беа избрани, по случаен избор, од податочната база на квалификувани натпреварувачи.
Меѓународниот ден на човекови права се одбележува на 10. декември во чест на денот кога била усвоена Универзалната декларација на човекови права; признавајќи го, за првпат во историјата, правото, на сите луѓе, за живот, слобода и безбедност.
Извор: Europe House Podgorica
Извор на фотографии: Europe House Podgorica