Избрани победниците на натпреварот за фотографија „Да се биде млад во Србија“
Избрани победниците на натпреварот за фотографија „Да се биде млад во Србија“
Забава, спортски активности, уметност, борба за подобра иднина – сите овие елементи се појавуваат во секојдневието на младите во Србија; инспирирајќи ги овогодинешните учесници на натпреварот за фотографија „Да се биде млад во Србија“ („Being young in Serbia“).
Петчленото жири избра четири победници од преку 1000 фотографии испратени на натпреварот организиран од Делегацијата на ЕУ во Србија, „National Geographic Serbia“, „Politikin Zabavnik“ и студентската мрежа ЕРАЗМУС Србија. Ова е една од активностите со кои Делегацијата на ЕУ во Србија ја одбележа 2022 како европска година на младите.
Во категоријата најдобри фотографии од граѓаните, наградите беа доделени на:
Прво место – Милош Крстиќ, Фестивалска еуфорија (Егзит фестивал, Нови Сад)
Второ место – Ирена Љубановиќ, Жена која покажува солидарност кон друга жена (Белград)
Трето место – Јана Цекиќ, И, што сега? (Белград)
Фотографијата која освои прво место ќе биде објавена во српското издание на магазинот „National Geographic“, како и во „Politikin Zabavnik“. Четирите добитнички фотографии, како и 16-те фотографии кои влегоа во потесен круг, ќе бидат изложени, во текот на месец декември, во ЕУ Инфо центарот во Белград, Нови Сад и Ниш. Фотографите на најдобрите дела ќе добијат ваучери за електронска опрема; победничката фотографија ќе добие ваучер во вредност од 1000 евра, наградата за второ место е ваучер вреден 500 евра, третата награда е ваучер во вредност од 300 евра, додека, пак, најдобрата фотографија за проект на ЕУ ќе добие сертификат.
Source: EU Delegation to Serbia
Photo credits: Milos Krstic