„Обединети во различноста“ – ЕУ на Парадата на гордоста во Белград
„Обединети во различноста“ – ЕУ на Парадата на гордоста во Белград
Заедно со амбасадите на земјите-членки, Џауфрет испрати порака за толеранција, љубов и недискриминација.
Маршот на гордоста започна низ централните улици во Белград, со поаѓање од паркот Мањеж. Меѓу учесниците беше и министерката за европска интеграција, Тања Мишчевиќ, која потенцираше дека пораката на годинешниот марш е „заштита на правата на секој граѓанин“ за припадниците на која и да било малцинска заедница. „Неделава зборуваме за правата на ЛГБТ+ заедницата, права кои сè уште се специфични и бараат дополнителна заштита, бидејќи постои недоразбирање за тоа што го зборуваме,“ изјави Мишчевиќ на Маршот на гордоста.
Таа додаде дека државата работи на сите проблеми кои се важни за заштита на правата на ЛГБТИ+ заедницата, кои, според неа, се однесуваат на подобро разбирање за почитување на нивните права, но исто така и специфична заштита.
Директорот на Парадата на гордоста во Белград – Горан Милетиќ потсети дека станува збор за 15. Парада на гордоста, но дека пет паради биле исто така забранети. „Не сме нималку близу до исполнување на барањата, затоа што од 2014 г., па сè до лани, чувствуваме дека нешто се случува, имаше сè помало и помало присуство на полиција, се изготви Закон за истополови заедници, но истиот беше одложен, а парадата „Europride“ беше забранета,“ изјави Милетиќ.
Барањата кои ЛГБТ+ заедницата во Србија ги истакнува по десетти пат се закони за истополови заедници и родов идентитет, побрзо решавање на случаите со насилство против лицата од ЛГБТ+ заедницата и други.
За време на Неделата на гордоста, амбасадорот на ЕУ – Емануеле Џауфрет и заменик амбасадорот Пламена Халачева присуствуваа на неколку настани организирани од организаторите на Неделата на гордоста. Заедно, присуствуваа на Неделата на гордоста на Калемегдан, а заменик амбасадорот Халачева присуствуваше и на отворањето на конференцијата за човекови права.
Извор на фотографии: EU Delegation to Serbia
Извор: EU Delegation to Serbia