ЕУ исплати 450 милиони евра на партнерите од Западен Балкан кои го испорачуваат Пакетот за енергетска поддршка за регионот
ЕУ исплати 450 милиони евра на партнерите од Западен Балкан кои го испорачуваат Пакетот за енергетска поддршка за регионот
Во декември 2022 година, за време на ЕУ Самитот – Западен Балкан, кога ЕУ уште еднаш ја потврди својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство во Европската унија на Западен Балкан, Европската комисија најави невиден пакет од 1 милијарда евра за енергетска поддршка за ублажување на непосредните ефекти од енергетската криза и забрзување на енергетската транзиција во регионот на краток и среден рок.
Како дел од овој Пакет за енергетска поддршка, во периодот од февруари до мај 2023 година, Европската комисија исплати 450 милиони евра, покривајќи 90% од вкупната буџетска поддршка од 500 милиони евра, предвидена за ублажување на брзото зголемување на трошоците за енергија за ранливите семејства и малите и средните претпријатија, со што ги исполни своите обврски. Оваа компонента, како прв дел од Пакетот за енергетска поддршка, беше дизајнирана врз основа на специфичните акциски планови на партнерите од Западен Балкан, во кои е наведено како владите имаа намера да се справат со енергетската криза преку комбинација од реформи и политички мерки, како и директни мерки за помош за ранливите семејства и малите и средни претпријатија.
Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, изјави: „Енергетската криза е заеднички предизвик за ЕУ и Западен Балкан. Европската унија е првиот и најсигурен партнер на регионот. Среќен сум што можам да известам дека го исполнивме нашето ветување и дека нашата поддршка прави вистинска разлика за нашите партнери, особено за ранливите луѓе, семејствата и малите и средни претпријатија кои имаат тешкотии да ги платат сметките за енергија. Со нетрпение очекуваме имплементација на националните енергетски акциони планови на Западен Балкан со цел да се исплати остатокот од доделените средства“.
Мерките, согладно наведеното во националните акциони планови на владите на Западен Балкан, вклучуваат, заедно со другите области:
–Албанија ги субвенционира цените на енергијата за домаќинствата и малите и средните претпријатија, финансиската помош за ранливите лица и ги диверзифицира енергетските извори преку нови инвестиции во ветерници и соларна енергија.
–Босна и Херцеговина ги поддржува ранливите семејства за да го ублажи влијанието на високите цени на енергијата, како и домаќинствата и малите и средните претпријатија за подобрување на енергетската ефикасност.
–Косово обезбедува финансиска поддршка за ранливите домаќинства, стимулирајќи енергетска заштеда и зголемувајќи ја енергетската ефикасност на зградите.
–Црна Гора ги поддржува пензионерите и најранливите семејства погодени од зголемените цени на енергијата и подобрувањето на ефикасноста во домаќинствата, компаниите, туризмот и индустријата.
–Северна Македонија, исто така, ги субвенционира сметките за електрична енергија на домаќинствата, ги поддржува малите и средните претпријатија да го одржат континуитетот на бизнисот и промовира државни инвестиции за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.
–Србија предвидува постепено зголемување на бројот на заштитени ранливи домаќинства.
Вториот дел од пакетот, кој се состои од преостанатите 500 милиони евра во грантови, е обезбеден за унапредување на енергетската транзиција, ефикасност и независност на Западен Балкан, на краток и среден рок. Затоа, обезбедуваме финансиска поддршка за проекти за обновливи извори на енергија, гас и електрична инфраструктура, интерконектори, надградба на парно греење и реновирање на стара инфраструктура (на пример, стари блокови на станови, болници и јавни згради).
Адресирајќи ги непосредните, краткорочните и среднорочните потреби на Западен Балкан во контекст на тековната енергетска криза, значителниот пакет енергетска поддршка од 1 милијарда евра ќе им помогне на партнерите од Западен Балкан во регионот да почнат да ја намалуваат својата зависност од руските фосилните горива, да ја забрзаат декарбонизацијата и да ја подобрат енергетската безбедност на регионот.
Source: European Union
Photo credits: European Union