Делегацијата на ЕУ во Албанија ја отпочнува иницијативата „Следи ја вистината“ во рамки на кампања за подигнување на свеста за дезинформации. News | WeBalkans

Новости

Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан

10/02/2023

Делегацијата на ЕУ во Албанија ја отпочнува иницијативата „Следи ја вистината“ во рамки на кампања за подигнување на свеста за дезинформации.

„Следи ја вистината“ (Track the Truth“) доаѓа како повик од Делегацијата на ЕУ во Албанија за заедничка борба против искривените перцепции за реалноста. Оваа кампања за подигнување на свеста за дезинформации веќе го започна своето патување во вторникот, 31. јануари, со свечено отворање на уникатна инсталација на плоштадот „Скендербег“; во близина на Националниот историски музеј. Се работи за графички тунел, прекриен со дезинформации и, навидум, провокативни пораки, кои ја покануваат публиката да ги следи вистините зад секоја една од нив.

 

Граѓаните, проверувачите на факти и медиумските професионалци се поканети да размислат за влијанието на дезинформациите, поминувајќи преку овој тунел, долг девет метри; прекриен, од внатрешната страна, со вистинити пораки, графички изопачени за да личат на некои од најчестите лаги за КОВИД-19, војната во Украина или проблемите поврзани со климатските промени. Тунелот е опремен со QR код кој има врска до сајтот на кој пораките се разоткриени, благодарение на проверени и објективни информации. Истата платформа нуди совети за тоа како да се забележат содржини со дезинформации.

Read more

Извор на фотографии: EU Delegation to Albania

Извор: EU Delegation to Albania

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.