„TAIEX“ ја поддржува локалната власт во Црна Гора во борбата против морското загадување
„TAIEX“ ја поддржува локалната власт во Црна Гора во борбата против морското загадување
Според еколошката програма на ОН, секоја минута во океанот се фрла смет колку што собира еден камион за отпадоци. Ваквата ситуација е штетна не само за морскиот екосистем, туку и за човекот; преку честичките микропластика во прехранбениот ланец.
На 10. и 11. април, инструментот на Европската комисија за техничка помош и информациска размена (TAIEX), во соработка со општината на градот Будва, организираше работилница, за справување со пластичен отпад, наменета за сите општини на црногорското крајбрежје. Претставници на централните институции и невладиниот сектор се приклучија, исто така, во настанот со цел споделување идеи со експерти на ЕУ од Словенија и Белгија.
Учесниците се согласија дека се потребни повеќе иницијативи за рециклирање со што би се соочиле со овој проблем во Јадранското море. Разменија, исто така, идеи за начинот на кој можат да ги мотивираат граѓаните со цел намалување на користењето на пластика за еднократна употреба. Кристоф Делаттер, шеф на одделот за стратегија и политика при Агенцијата за управување со отпад во Фландрија (Белгија), покажа како Белгија успеа да достигне намалување на домаќинскиот отпад преку спој од законски иницијативи и комуникациски кампањи. Штефан Трдан, од Институтот за вода во Словенија, ја објасни важноста од прибирањето информации во врска со управувањето со отпад и покажа како општините можат да ги користат истите во комуникациските акции насочени кон трајни и обновливи резултати.
Настанот во Будва ја отпочна втората фаза на иницијативата „TAIEX“ која треба да понуди стратешка поддршка за локалните авторитети во Западен Балкан кои работат директно со локалните и регионални авторитети со цел споделување на најдобрите пракси за јавна политика на ЕУ. Наскоро, ќе се организираат повеќе локални работилници и експертски мисии на теми поврзани со екологијата и животната средина.
Извор: TAIEX
Извор на фотографии: TAIEX