Отворање на Неделата на гордоста во Србија
Отворање на Неделата на гордоста во Србија
Отворањето на Неделата на гордоста се случи на 4. септември, на Калемегдан, во присуство на амбасадорот на ЕУ во Србија – Емануел Џауфрет, заменик шефот на Делегацијата – Пламена Халачева, како и претставници на дипломатскиот кор. Активистите носеа транспаренти со натписи „Закон за истополови заедници“, „Закон за родов идентитет“, „Не сме ни приближно блиску“.
За време на Неделата на гордоста планирана е серија настани за човековите права на ЛГБТ+ лицата во Србија. Најавена е и парада во сабота, 9. септември, а маршрутата ќе поминува низ центарот на Белград. „Сегашниот момент не е нималку оптимистичен за ЛГБТ+ заедницата, а ситуацијата е значително влошена во споредба со минатиот период,“ изјави Горан Милетиќ – директор на „Belgrade Pride“, на отворањето.
Потсети дека минатата година владата ја забрани планираната маршрута на „Europride“ и дека го забрани усвојувањето на законот за истополови заедници. Едни од основните вредности на ЕУ се еднаквоста и човековите права. Преку мотото „обединети во различностите“, ЕУ сака да изрази солидарност и да ги одбрани еднаквоста и љубовта во сите форми.
Неделата на гордоста се одржува од 4. до 10. септември.
Извор на фотографии: EU Delegation to Serbia
Извор: EU Delegation to Serbia