Модернизацијата на пристаништето Брчко е во напредок
Модернизацијата на пристаништето Брчко е во напредок
Градежните работи во склоп на Инвестициската рамка за Западен Балкан – Реконструкција и модернизација на речното пристаниште Брчко – Фаза 1 (Reconstruction and Modernisation of the River Port of Brčko Phase 1) се во напредок, со тоа што платформата е целосно завршена. Ова е првиот чекор во проектот кој започна во јуни 2021. Изградбата ќе продолжи со набавка на нов кран и реконструкција на пристапниот пат од пристаништето до Бјелинска Цеста, како и на индустриската железничка пруга од пристаништето до железничката станица Брчко Ново.
Опремата на пристаништето Брчко е дотраена, а порталните кранови се стари повеќе од 50 години. Нов кран со носечки капацитет до 16 тона (трипати поголем од сегашните капацитети) ќе придонесе за зголемување на капацитетот за ракување со стоки до 150-200 тона на час.
Целосната вредност на проектот изнесува 10 милиони евра; финансирани од Европската Унија преку инвестициски грант од над 3 милиони евра и заем од Европската банка за реконструкција и развој (European Bank for Reconstruction and Development) во висина од 7 милиони евра.
Рехабилитацискиот проект за пристаништето Брчко е назначен во Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан (Economic and Investment Plan for the Western Balkans), на Европската Комисија, како „Предводник 1 (Поврзување на исток со запад)“ во рамки на инвестициската зона за Одржлив транспорт.
Извор: WBIF
Извор на фотографии: WBIF