Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан
Регионалната канцеларија за младинска соработка, во соработка со „Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit“ („ГИЗ“) го организираше воведниот настан „Запознајте ги „суперучилиштата“ од Северна Македонија“, на 26. јануари, во Скопје; во рамки на програмата за размена на „суперучилишта“. Состанокот обедини 16 наградени средни училишта од Северна Македонија, претставени од своите директори и наставници, одговорни за координирање на претстојните регионални размени, кои имаа прилика не само меѓусебно да се запознаат, туку и да бидат дел од еден значаен момент како што е потпишувањето на спогодбите за партнерство.
Директорите и професорите кои ќе ги координираат и имплементираат овие младински размени ги презентираа нивните идеи кои ќе бидат дополнително развиени со поддршка на Регионалната канцеларија за младинска соработка. Состанокот послужи како простор во чии рамки училиштата учесници ги презентираа своите програми за размена пред неколку значајни локални и меѓународни чинители. Исто така, настанот им помогна да создадат јасна претстава за следните чекори на програмата. Младите кои ги претставуваа 16-те училишта добија можност да го искусат уникатното искуство кое го нуди програмата „суперучилишта“.
Имплементацијата на проектите ќе биде поделена на два дела: првиот дел размени ќе се случува од април до јуни, а вториот ќе продолжи од август до октомври 2023 година. Секое училиште-партнер ќе организира една размена со друго училиште-партнер, со траење до 7 дена и со група до 12 ученика и еден или два наставници. Преку оваа шема за размени, учениците и наставниците ќе добијат можност да патуваат, да се претстават себеси и своето училиште, како и нивните обичаи, пред домаќините, а ќе можат и да научат нешто ново за локалните заедници ширум регионот.
Извор: RYCO
Извор на фотографии: RYCO
Please wait while your video is being uploaded...
Don't close this window!