Започнуваат работилници за медиумска и информациска писменост, организирани од младите европски амбасадори, во Западен Балкан News | WeBalkans

Новости

Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан

26/01/2023

Започнуваат работилници за медиумска и информациска писменост, организирани од младите европски амбасадори, во Западен Балкан

Знаеш ли како се создаваат новости? Како може да препознаеш вистина од дезинформација? Зошто ни е потребна медиумска писменост? Кои се најверодостојни извори на новости? Зошто некои приказни го заобиколуваат целиот свет? Придружи ни се за да дознаеш!

 

По интензивниот процес на учење за медиумска и информациска писменост, младите европски амбасадори од Западен Балкан ќе го започнат своето патување ширум Западен Балкан, споделувајќи го своето знаење со младите кои се интересираат за медиуми, социјални медиуми и општество, и сакаат да научат повеќе за светот околу нас.

 

Ако:

 

– се интересираш за теми поврзани со медиумска и информациска писменост;

– имаш помеѓу 13 и 16 години;

– доаѓаш од Западен Балкан;

 

придружи ни се на нашето патување!

 

Преку забавни вежби, многу дискусија, видеа и примери, ќе добиеш можност да ги запознаеш нашите млади европски амбасадори и да научиш за:

 

– медиуми и медиумска писменост;

– лажни новости;

– „кликбејт“ (или мамки за кликнувања);

– новинарство;

– медиумска манипулација;

– и многу друго.

 

Сите работилници ќе бидат спроведени на локалните јазици. Исто така, ќе добиеш можност да дознаеш за мрежата на млади европски амбасадори и да добиеш подароци од нашиот тим! Точните датуми и термини за работилниците во Западен Балкан ќе бидат наскоро објавени на нашите канали. Максималниот број учесници на работилниците е 25; па, затоа, побрзај со пополнување на овој формулар и редовно проверувај ги информациите за датумите и локациите за да се осигураш дека на време ќе зачуваш место. Со пополнување на формуларот, го обезбедуваш своето место, а ние директно ќе те контактираме со информации за датумот и најблиското место на работилница!

 

За повеќе информации, контактирај нè на [email protected]. Остани во тек и следи го нашиот канал.

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.