Кампањата „ОД НАС НАПРАВЕНО“ денес пристигнува во Албанија News | WeBalkans

Новости

Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан

24/05/2023

Кампањата „ОД НАС НАПРАВЕНО“ денес пристигнува во Албанија

Кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“, финансирана од ЕУ, а до вас доведена од страна на „WeBalkans“, неделава продолжува во Албанија. Кампањата за сензибилизација има за цел промовирање позитивна слика за ЕУ меѓу луѓето од Западен Балкан и обратно. Протагонисти на кампањата се 12 млади влогери од ЕУ и Западен Балкан кои ќе патуваат ширум регионот, во парови. Секој пар ќе ги споделува искуствата од патувањето преку креирање сопствена онлајн содржина. Делегацијата на ЕУ во Албанија беше домаќин на медиумски ручек за објавување на почетокот на патувањето во Албанија. Шефот на политичката секција на ЕУ во Албанија, Алекси Ипин, ги пречека влогерите и ги пофали за нивниот придонес за промоција на ЕУ и Албанија.

 

Влогерите Орнела Зани (@ornela.zani) од Албанија и Наталиа Орда (@natalia_orda) од Полска, денес поаѓаат на нивното патување. Ќе патуваат седум дена, од 16. до 22. мај, прикажувајќи го најдоброто од Албанија, како и инвестиции од ЕУ во регионот. Нивното патување опфаќа посети на различни локации, вклучително туристички, културни и уметнички проекти кои добиле поддршка од ЕУ. Меѓу проектите, финансирани од ЕУ, кои ќе ги посетат, се: „ЕУзаКултура“ („EU4 Culture“) – проект кој обезбедува помош за реставрирање на локалитети и споменици погодени од земјотресот во 2019 година. Ќе присуствуваат, исто така, и на музичкиот фестивал „Za Fest“, кој во фокус го става северниот регион на Албанија; како и винската патека на римските императори – колекција од виртуелни патеки кои го покриваат целиот регион на Западен Балкан, вклучително и Албанија.

 

Кампањата започна на 18. април и ќе трае до 30. мај, а секоја недела фокусот ќе биде ставен на една од шесте партнерски држави од Западен Балкан. Влогерите ќе покријат вкупно 18 проекти, поддржани од ЕУ; 6000 километри со автомобил, и ќе запознаат бројни интересни и инспиративни локалци во текот на патувањето; прикажувајќи ги, истовремено, природните пејзажи, исклучителните обележја и уникатното културно наследство кое го нуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери со своја опрема ќе ги снимат искуствата и ќе ги споделат на каналите на социјалните медиуми, трансформирајќи го своето патување во висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет, слики и видеа, кои ќе бидат споделени на каналите на „WeBalkans“.

Read more

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.