Судски реформи за стабилни институции во Србија
Судски реформи за стабилни институции во Србија
„Судската реформа е значајна за граѓаните на Србија затоа што резултира со поавтономна судска служба и независна служба за обвинителство, а владеењето на правото ќе остане главниот столб на европската интеграција на Србија,“ изјави амбасадорот на ЕУ во Србија, Емануеле Џауфрет, на завршната јавна дебата за судски закони. „Фокусот на ЕУ ќе биде имплементација на правото, а целосната имплементација на овие закони ќе донесе прогрес во Србија. Очекуваме, исто така, дека Србија ќе ги усвои препораките на Венецијанската комисија за предлози за овие закони со цел да можеме да кажеме дека правните одлуки се хармонизирани со европските стандарди и практики,“ изјави Џауфрет.
Амбасадорот додаде дека Венецијанската комисија изјавила дека за вистинска промена е неопходна промена во политичката и правна култура. Иако политичките и правни авторитети имаат примарна одговорност, организациите на граѓанските здруженија имаат важна улога иста така.
Процесот за јавна консултација за судски закони се одржа во рамки на проектот „ЕУ за поддршка на судска реформа“, кој се имплементира во Србија од страна на Советот на Европа и ЕУ уште од 2022 година.