Објавени учесниците во Глобалната програма за културни односи
Објавени учесниците во Глобалната програма за културни односи
Платформата за културни односи ги објави учесниците во Глобалната програма за културни односи за 2022 година. Селектираните 40 иноватори и носители на промени, избрани за Глобалната програма за културни односи 2022, беа селектирани од преку 2000 апликации за учество во водечката програма за обука преку платформата за културни односи наменета за креативни професионалци ширум светот. Опфатени се 40 националности, вклучително и Западен Балкан, како и бројни сектори; меѓу кои и изведувачките уметности, музиката, аудио-визуелните уметности, културното наследство и визуелните уметности.
Како дел од Глобалната програма за културни односи, од 10. до 13. мај, учесниците ќе добијат можност за поврзување, споделување искуства и идеи, надградување на вештините од доменот на меѓународни културни односи и развивање на меѓународен културен проект.
Платформата за културни односи е проект, финансиран од ЕУ, кој ги поврзува културните практикувачи ширум светот во заеднички дијалог, размена и соработка. Исто така, обезбедува и експертиза за Европската Унија во полето на меѓународни културни односи.
Извор: Cultural Relations Platform
Извор на фотографии: Cultural Relations Platform