Од Белград до Ниш со 200 км/ч. – финансиски пакет од ЕУ, вреден 2,2 милијарди евра, за железничкиот Коридор Х News | WeBalkans

Новости

Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан

13/03/2023

Од Белград до Ниш со 200 км/ч. – финансиски пакет од ЕУ, вреден 2,2 милијарди евра, за железничкиот Коридор Х

На 28. февруари 2023 г., Европската комисија, Европската банка за инвестиции, Европската банка за реконструкција и развој и Србија објавија заеднички финансиски пакет, вреден 2,2 милијарди евра, за модернизација на Коридорот Х. Пакетот се фокусира на возобнова на железничката секција меѓу Белград и Ниш; овозможувајќи брзо железничко поврзување од 200 км/ч. меѓу двата града, со побрз дотур на добра и услуги, како и брза интеграција во железничката мрежа на ЕУ.

 

Пакетот вклучува инвестициски грант од ЕУ во висина до 598 милиони евра – најголемиот грант доделен за проект во Србија; заем од 1,1 милијарда евра од Европската инвестициска банка и дополнителен заем од 550 милиони евра од Европската банка за реконструкција и развој. ЕУ веќе одобри 265 милиони евра во форма на ИПА грантови, а првата транша од 82,8 милиони евра беше потврдена со протоколарно потпишување во воз од Белград до Ниш.

 

Потпишувањето се одвиваше во присуство на европскиот комесар за соседство и преговори за проширување, Оливер Варела, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ; како и директорот на канцеларијата на Европската инвестициска банка за Западен Балкан, Александра Бронзи, директорот на Европската банка за реконструкција и развој за Западен Балкан, Матео Колнела, министерката за интеграција во ЕУ, Тања Миличевиќ, министерот за изградба, транспорт и инфраструктура, Горан Васиќ, министерот за финансии, Синиша Мали, и други дипломати од земјите членки на ЕУ. 

 

Железничкиот коридор Х е еден од паневропските коридори кои ја поврзуваат Централна Европа со Солун, Грција. Се работи за проект идентификуван како Водечки проект 1 – Поврзување на исток со запад; во рамки на Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан. Планот има за цел мобилизирање на инвестициите во доменот на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција, креирање одржлив раст и работни места кои ќе достигнат една третина од бруто домашниот производ во Западен Балкан.

Read more

Извор: WBIF

Извор на фотографии: WBIF

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.