Отворање на изложба која го промовира „Зелениот договор“ на ЕУ News | WeBalkans

Новости

Дознај ги најновите информации за активностите на ЕУ и настаните во Западен Балкан

15/03/2022

Отворање на изложба која го промовира „Зелениот договор“ на ЕУ

После две изложби, инспирирани од пандемијата, на теми за трансформирање на досадата во креативност и уметноста како начин за бегство од реалноста; Резиденцијата на амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија е повторно во својство на домаќин на уште една изложба.

 

Изложбата која беше отворена на 10. март од страна на амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, како и Првата дама – Елизабета Ѓоргиевска, е дел од кампањата на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија која ги промовира целите и можностите на „Европскиот зелен договор“. „Зелениот договор“ подразбира живеење, производство и задоволување на нашите потреби со минимално „трошење“ на планетата и нејзините ресурси. Во него, исто така, станува збор и за справување со последиците од климатските промени, заштита на биодиверзитетот и креирање одржлив развој.

 

Уметничките дела се на Озбек Ајваз, Маја Кировска, Зоран Тодовиќ, Ненад Тонкин, Вана Урошевиќ и Велимир Жерновски, а беа избрани од страна на галеријата Акантус – Скопје. Истите претставуваат видувања на темата рециклирање; не само како начин за зачувување на ресурсите, но и како начин за инспирирање креативност, покренување на свеста за нашата зависност од природата, како и исцелителната моќ на природата. Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 20. мај. Посетителите можат да резервираат термин и бесплатни билети преку Фејсбук страната EU za Kultura Facebook page

Извор: EU Delegation to North Macedonia

Извор на фотографии: EU Delegation to North Macedonia

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.