Започнува Европската година на младите
Започнува Европската година на младите
ЕУ неодамна ја прогласи 2022 година како Европска година на младите. Активностите што ќе се организираат во рамките на оваа година вклучуваат конференции, иницијативи за промовирање на младинското учество во креирањето на политики, кампањи за подигнување на свеста за поинклузивна, зелена и дигитална ЕУ и студии и истражувања за состојбите во кои се наоѓаат младите. Европската година на младите оди рака под рака со NextGenerationEU, која повторно ги отвора перспективите за младите, вклучувајќи квалитетни работни места и можности за образование и обуки за Европа од иднината, и го поддржува младинското учеството во општеството.
Годината на младите ќе бара синергии и надополнување со другите програми на ЕУ насочени кон младите низ политичкиот спектар – од програми за рурален развој со фокус на млади земјоделци до програми за истражување и иновации, од кохезија до акции за климатски промени, вклучително и програми на ЕУ со меѓународен опфат или транснационална природа.
Покрај Еразмус+ (Erasmus+) и Европскиот корпус за солидарност (European Solidarity Corps) со буџети за тековниот финансиски период од 28 милијарди и 1 милијарда евра, соодветно, Младинската гаранција на ЕУ (Youth Guarantee) и Иницијативата за вработување на млади (Youth Employment Initiative) создаваат повеќе можности за младите луѓе. Во меѓувреме, во 2022 година започнува новата програма наречена АЛМА (ALMA) за поддршка на прекугранична професионална мобилност на младите луѓе во загрозена состојба.
Целата програма на активности и повеќе информации ќе бидат достапни на Младинскиот портал (Youth Portal). Активностите ќе покријат теми кои најмногу ги засегаат младите според приоритетите што се потенцирани во Младинските цели, како што се еднаквост и инклузија, одржливост, ментално здравје и благосостојба и квалитетно вработување. Со нив ќе се опфатат и младите надвор од границите на ЕУ.
Извор: ЕУ
Автор на фотографија: ЕУ