„European Spaces of Culture“: жири објавува 11 нови проектни идеи кои влегуваат во потесен избор
„European Spaces of Culture“: жири објавува 11 нови проектни идеи кои влегуваат во потесен избор
Жири, составено од шест експерти, објави потесен избор од 11 проектни идеи, дел од „European Spaces of Culture“, кои треба да се развијат во конкретни проекти во 2023 година. По повикот за идеи, Подготвителната акција „European Spaces of Culture“ ги избра овие извонредни проектни идеи; вклучително и проектна идеја од БиХ, за охрабрување нови форми на соработка во доменот на односите за култура.
Меѓу останатите земји чии проектни идеи влегоа во потесен круг се вбројуваат и: Ангола, Бангладеш, Кина, Колумбија, Палестина и Туркменистан. Избраните проектни тимови добија покана дополнително да ги развијат своите идеи во конкретни предлози.
Во септември, претставници од проектните тимови ќе се состанат во онлајн лабораторија „Spaces Lab“ за да дискутираат за процесот, партнерствата и моделите за евалуација. Крајниот избор на проекти ќе биде направен пред завршетокот на годината, а се очекува проектите да бидат имплементирани помеѓу јануари и октомври 2023 година.
Акцијата „The European Spaces of Culture Preparatory Action (2019 – 2023)“ тестира иновативни модели за соработка, во доменот на односите за култура, помеѓу Европа и локалните партнерски организации во држави надвор од ЕУ. Акцијата и нејзините пилот-проекти целат кон изнаоѓање нови начини за соработка, во сферата на односите за култура, кои го одразуваат стратешкиот приод на ЕУ кон меѓународните односи за култура. Седумнаесет пилот-проекти ширум светот веќе се имплементирани или, пак, се во процес на имплементација.
Извор: Creative Europe
Извор на фотографии: Creative Europe